Со A1 Net Protect блокирани повеќе од 35 илјади безбедносни закани во февруари

Да останеме соодветно заштитени во интернет просторот е од исклучително значење, а имајќи предвид дека смарт телефоните се уредите на кои секој од нас има значајни инофрмации потребно е и соодветно да ги заштитиме.

А1 Македонија го нуди сервисот: A1 Net Protect кој обезбедува уникатна заштита од интернет закани за да ги задржи корисниците безбедни додека користат секакви уреди независно дали се дома или во движење.

За илустрација, само во февруари A1 Net Protect ги заштити своите корисници со блокирање на повеќе од 35 илјади безбедносни закани обезбедувајќи им непречено и опуштено сурфање преку мобилната мрежа на А1.

Net Protect е услуга која го штити мобилниот уред од најразлични сајбер закани, небезбедни сајтови, вируси, веб-страници за кражба на лични податоци, малвер софтвери и нуди безбедност на мрежно ниво, што го отежнува пристапот на напаѓачите до податоците на мобилниот уред. Со ова, додека корисникот е поврзан на мобилната мрежа на А1, услугата автоматски ги детектира и блокира небезбедните веб-страници и апликации при што испраќа известување за детектирана интернет закана.

A1 Net Protect функционира директно преку мобилната мрежа на А1 Македонија и останати роаминг партнери и нема потреба за инсталација на никаква дополнителна апликација или софтвер. Доколку корисникот инсталира или сака да пристапи до веб страна која е опасна и може да содржи вируси или друг тип на малвер, A1 Net Protect го блокира пристапот и го известува корисникот дека апликацијата/веб страната може да му наштети.

Оваа услуга е дел од заложбата на А1 Македонија на своите корисници да им го обезбеди најдоброто корисничко искуство на најбрзата мрежа.

Со A1 Net Protect вашиот мобилен телефон е заштитен од:

•    Phishing - Обид да се преземат лични податоци за лице преку лажна е-мејл адреса или веб-страница, односно обид за кражба на идентитет.
•    Malware - Малициозен софтвер кој навлегува во мобилниот уред и предизвикува штета.
•    Botnets - Злоупотреба на мобилниот уред за испраќање спам, вируси или лични податоци без да забележите.
•    Spamsites - Веб-страници кои прикажуваат лажни реклами кои ветуваат, на пример, дополнителни бенефити, попусти, награди или поволни цени.
•    Compromised - Хакирани веб-страници кои се користат за дистрибуција на малициозен софтвер.
•    Cryptomining - Генерација на дигитални валути (на пример, биткоини). Напаѓачите се обидуваат да „копаат“ дигитални валути со помош на корисничкиот уред и без знаење на корисникот. Уредот станува побавен и троши повеќе електрична енергија.

А1 Net Protect во првиот месец на активација е достапен за 0 денари, а потоа чини 29 денари месечно.

Услугата A1 Net Protect може да биде активирана преку СМС со текст START PROTECT на 140 007, преку апликацијата Мојот А1, со јавување во Контакт центар на 077 1234 или во најблискиот продажен салон на А1.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Промо

Macan поставува нови стандарди: првиот и целосно електричен SUV на Porsche

Read more

НЛБ Банка по повод Меѓународниот ден на образованието: Развојот на вработените основа за личен и организациски раст

Read more

Доделена главната награда Opel Corsa од наградната игра „Телеком наградува“

Read more

BMW1 во Скопје, луксузни патувања за Дубаи во Тетово, Битола, Кривогаштани и Скопје, МЕГАВИН.МК донесе среќа низ цела држава

Read more
 

Ново

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Читај повеќе

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Читај повеќе

Во кое време од денот е најдобро да имате секс, според возраста?

Читај повеќе
  • filter
27 март 1977, најголемата авионска несреќа во историјата

27 март 1977, се случила најголемата авионска несреќа во историјата

Читај повеќе