Со Албанија ќе се заштитува рибниот фонд во Охридското и Преспанското Езеро

Отстранување на пречките и подобра институционална соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија е целта на спогодбата за заедничко одржливо управување со риболовот на Охридското и Преспанското Езеро, што денеска во Струга ја потпишаа министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа и Бледар Чучи.

Спогодба обезбедува основа за создавање ново билатерално тело – Заеднички Комитет за риболов на Охридското и Преспанското Езеро. Овој Комитет, како што нагласи министерот Хоџа, ќе ја развие прекуграничната соработка во областа на риболовот и ќе изготви препораки за насочување на двете страни кон усогласување на нивните регулативи за риболов и управување со риболовот.

– Очекуваме дека ова ќе биде еден пред чекор за интеграција на нашите држави во ЕУ. Само заедничко управување и здружување може да доведе до зајакнување на односите меѓу двете држави, но и на работите што не очекуваат во иднина, истакна македонскиот министер Хоџа.

За неговиот албански колега, фауната нема ниту пасош, ниту граница, туку е на целото Охридско Езеро. Изрази надеж дека со потпишувањето на спогодбата фауната од езерата ќе се третира како една целина.

– Ние годинава ставивме во Охридското Езеро 1.600.000 парчиња млада пастрмка. Тие не се дел само од езерото од Албанска страна, туку се на целото Охридско Езеро. Затоа сакаме да имаме една визија, една цел за во иднина да имаме повеќе риби во нашето езеро. Склучувањето на овие два договори и нашата соработка во иднина ќе не однесе во т.н. Балкански мини шенген, рече Чучи.

Целта на спогодбата, според него, е да се отстранат пречките и да се уредува и дисциплинира риболовот и начинот на кој се врши во двете земји.

Прашани за влијанието на ниското ниво на езерото врз живот свет и што преземаат двете држави министерот Хоџа, подвлече дека се преземани неколку мерки меѓу кои и одземањето концесија за управување со рибниот фонд.

– Според најавите од минатото дека има злоупотреби од старите концесионери одземена им е концесијата и одлучено е од страна на Владата дека на неопределен рок нема да се дава езерото под концесија за комерцијален риболов. Секојдневно сме во тек со сите активности. Државниот инспекторат за земјоделство веќе има доставено извештаи од превземани активности во врска со криволовот во Охридското Езеро. Ќе продолжиме со ист интензитет да спречиме било каква злоупотреба на рибниот фонд. Имаме преземано неколку мерки како во иднина да постапиме за

зачувување на рибниот фонд, но и за зачувување на ова национално и светско богатство, кое е под заштита на УНЕСКО, рече Хоџа.

Спогодбата, како што истакнаа ресорните министри од двете земји, е втор билатерален договор. Претходно беше потпишан и договор за фитосанитарна соработка.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Македонија

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Read more

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Read more
 

Вести

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе