Софтвер

Со бришењето на FaceApp апликацијата не сте ги заштитиле податоците

1. август 2019 - 13:41 | Б.С.Б.

FaceApp стана вирално популарна апликација бидејќи на корисниците им овозможува да видат како ќе изгледаат во старост. Но, доколку сакате да ја користите оваа интересна програма мора да овозможите пристап до вашите лични податоци.

„Доколку ја избришете програмата тоа едноставно значи дека не може да ја користите, но не и дека сте ги заштитиле приватните информации“, вели за CNN Џен Кинг, директорка на Центарот за приватност на корисниците на Правниот факултет на Универзитетот Стенфорд.

Таа вели дека компанијата не знае дали сте ја избришале апликацијата и со самото тоа не е предупредена дека треба да ги избрише вашите податоци. Некои компании, меѓу кои и FaceApp, им дозволуваат на корисниците да испратат барање за бришење на нивните информации од базата на податоци, но, останува нејасно колку време е потребно техничката служба да го регистрира вашето барање.

Така, за споредба, Facebook наведува дека се неопходни 90 дена за системот да го регистрира тоа и да престане да ги користи вашите податоци. Иако не ги поседува вашите фотографии, снимки и слично, има право неограничено да ги користи.

Според адвокатката Мелиса Брек, политичката приватност на податоците на FaceApp е премногу општа што остава дополнителен простор за стравување. Дури и кога ќе поднесете барање за бришење на податоците компанијата често не е во техничка состојба тоа да го направи.

Коментирај