Со домашната платежна картичка од третиот сет мерки ќе се купуваат исклучително македонски производи и услуги

Со домашната платежна картичка, која е дел од третиот сет мерки, ќе се купуваат само домашни производи и услуги и на тој начин ќе се помогнат и граѓаните со пониски примања кои ќе ја добијат картичката и домашните фирми. Домашната платежна картичка ќе се користи во ограничено покусо време и на тој начин во пократок рок ќе се влејат повеќе средства во домашното стопанство, рече министерката за финансии Нина Ангеловска.

 – Овие картички и оваа приватна потрошувачка ја фокусираме кон дома, кон домашното кон македонските призводи, кон македонските услуги. Како? Со тоа што за среќа технологијата ни дава сега можност да се имплементира тоа со цел да може да се ограничи каде оваа картичка ќе може да се искористи и во колкав временски период. Зошто е важно што кажувам кон дома – затоа што ако прво ја погледнеме структурата на бруто домашниот производ – 65 отсто придонесува приватната потрошувачка, со ова директно ја помагаме. Тоа е важно да останат средствата кон домашните фирми и домашните производи затоа што ако ја погледнеме нашата увоз-извоз компонента има негативен придонес кон бруто домашниот производ, а ако дозволиме да се купуваат странски производи негативно можеме дури да влијаеме, вели Ангеловска во гостување на Телма.

Министерката за финансии, како што соопштуваат од Министерството за финансии, посочува првиот столб од третиот пакет мерки, кој се однесува на приватната потрошувачка, вклучува таргетирани групи граѓани како ранливите категории, граѓаните со ниски примања погодени од кризата, невработените лица, граѓаните кои се вработени но имаат близу минимална плата, кои ќе добијат ваучери за туризам и домашна платежна картичка. Понатаму, тоа се младите и студентите кои не само што ќе добијат платежна картичка и директно ќе ја забрзаат приватната потрошувачка, туку и ќе добијат вештини во ИТ и дигитализација, бидејќи се нудат кофинансирање на обуки за млади лица. Четвртата група се лекарите и здравствените работници кои беа во првата линија во борбата против COVID-19.

Ангеловска посочува дека третиот сет мерки има за цел да го амортизира ударот врз економијата и истиот има многу системски пристап да даде директни и краткорочни ефекти но и на долг рок да влијае на системски решенија. Покрај преку стимулирање на приватната потрошувачка, преку вториот столб на мерки директно се помагаат фирмите и економијата.

-Вториот столб е директна поддршка кон стопанството и ако видите има точно поставени цели. Прво ги вклучува малите, микро компании, средните, стартапите, фокус кон ИТ, фокус кон земјоделството  и со директни мерки, дали е тоа бескаматни кредити со грант компонента, дали е тоа директна финансиска поддршка согласно законот за финансиска поддршка на инвестиции, покажуваме дека се издвоени средства за двете страни согласно нашиот фискален простор, добро таргетирани со цел да ги дадат ефектите коишто се зацртани, вели Ангеловска. 

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Македонија

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Read more

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Read more
 

Вести

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Читај повеќе

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Читај повеќе

Ванковска: Мојата цел беше не да победам, туку да вознемирам една застојана елита

Читај повеќе

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Читај повеќе