Тимот на Вилијамс имаше катастрофален викенд во Бразил, каде ги загуби двата болида поради сериозни инциденти кои ги доживеаја нивните возачи Александер Албон и Франко Колапинто, но со заеднички напори ги обнови болидите за само шест дена.
Во ера на буџетски ограничувања, не е лесно за тимовите кога нивните возачи ги оштетуваат или целосно ги уништуваат нивните болиди, а токму тоа се случи со Вилијамс во Бразил. Така, механичарите мораа да почекаат неколку дена за болидите да бидат испорачани во нивната база во Гроув, Оксфордшир, за да видат што можат да спасат и искористат.
„Мислам дека ќе ни треба уште една канта ако ова продолжи“, рече еден од механичарите, што доволно зборува за состојбата на болидите.
И тоа не е сѐ, бидејќи тимот имаше само една недела да ја сврти ситуацијата пред болидите да тргнат на патот кон Лас Вегас.
Сепак, благодарение на напорите на механичарите, добрата атмосфера, мотивацијата и ноќната работа на стотици вработени во Вилијамс, беа анализирани сите делови, нарачани се потребните заменски компоненти и на крајот сè беше склопено и сервисирано, така што автомобилите беа подготвени за трката.
Видеото објавено на YouTube накратко ја раскажува приказната за херојскиот напор на механичарите на Вилијамс, кои успеаја во својата задача и ги замолчија сите што рекоа дека нема да бидат подготвени за трката во Вегас.