Со концерт посветен на Ана Липша Тофовиќ вечерва отворање на 60. издание на „Охридско лето“

Со концерт посветен на нашата оперска примадона Ана Липша Тофовиќ вечерва во Античкиот театар ќе биде отворено годинешното 60-то по ред издание на фестивалот „Охридско лето“.

Концертот насловен „Вокални бисери – по стапките на Ана Липша“ на верната фестивалска публика ќе ѝ понуди познати светски арии, во изведба на солистите Марија Јелиќ – сопран, Дарио Ди Вјетри – тенор, Иван Томашев – бас и Аманда Стојовиќ – мецосопран во пијано придружба на Миливоје Велиќ.

Свеченото отворање на нашата најреномирана музичко-сценска манифестација и целата фестивалска програма ќе се одржува во сосема поинакви околности, наметнати поради епидемијата на коронавирусот. Јубилејното фестивалско издание за првпат од 1961 година се одржува надвор од вообичаениот термин, од 4 август до 20 септември, со строги придржувања кон протоколите за заштита од ширење на COVID-19. Од Управата на фестивалот однапред е нагласено дека независно интересот кај публиката за некоја од понудените содржини, во ниту еден случај нема да биде дозволено пречекорување на однапред предвидениот број седишта.

Во текот на наредните 28 фестивалски дена на отворените сцени на Античкиот театар, Долни Сарај, Предворјето на „Света Софија“, како и самата црква ќе има околу 300 уметници од 19 земји, како и голем број домашни уметници.

Музичката програма на „Охридско лето“ годинава содржи 26 концерти, од кои два во фестивалската оф-програма.

Селекторот на музичката програма Даница Стојанова е особено горда што оваа година приоритет е даден на македонски уметници, како потврда дека токму тие се столбот на домашната уметничка вредност. Фестивалот „Охридско лето“ веќе го носи реномето за еден од најголемите промотори и афирматори на македонската уметност, на македонските композитори и изведувачи.

На фестивалската сцена ќе настапат врвни имиња како пијанистите Наталија Трул од Русија, Кемал Гекич од САД, Фукио саксофон квартетот од Шпанија, косовскиот гитарист Петрит Чеку, италијанскиот фелјтист Масимо Мерчели, мецосопранот Викена Каменица од Албанија, Келнскиот гудачки секстет, францускиот обоист Арјан Баке, Дуо Солипс… Несекојдневен настан е концертот за четири клавири и оркестар од Чешка, од македонската сцена Марија Ѓошевска, хорскиот ансамбл „Про Арс“ со маестро Сашо Татарчевски, Гордана Јосифова-Неделковска, потоа Скопје танцов театар со Рисима Рисимикин, гала оперска вечер под раководство на диригентката Бисера Чадловска, како и женскиот балетски ансамбл и оркестар од НОБ. Веќе редовни на фестивалот се Вечерите на Музичката младина со камерниот оркестар „Саша Николовски Ѓумар“, тука е и вечерта со музиката на македонскиот композитор Томе Манчев, со нсатапите на Весна Анѓеловска, Маја Шутевска, Љубиша Кировски, Марјан Милошевски, Горан Начевски, Елена Атанасовска, Антоние Весковски, како и уште многу ексклузивни уметнички имиња.

Селекторот на драмската програма Александар Поповски пред самото отворање на фестивалот истакна дека токму со одржувањето „Охридско лето“ во новите околности ја демонстрира важноста на уметноста, важноста на културата.

Драмската програма започнува веќе утре со изведбата на претставата „Сестрите Прозорови“ на Чехов, во изведба на Театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес. На програмата се уште изведбите на Драмски театар кој ја носи претставата „Чудесна терапија“, претставата „Човек, ѕвер и доблест“ со Театар Комедија, премиерата „Полковникот Птица“ на Народниот театар од Гостивар, преставата за деца на Театар за деца и младинци „Јованче и Марика“, а затворањето на фестивалот е резервирано за изведбата на „Бог на масакрот“ на Турскиот театар од Скопје, кој годинава слави 70-годишен јубилеј.

Шестдецениското опстојување и успешниот пат од едновечерен концерт до манифестација со врвен светски уметнички дострел фестивалот „Охридско лето“ ќе го одбележи со промоција на монографијата „Фестивалска приказна“ од авторите Снежана Анастасова-Чадиковска и Роза Нолчева-Ангеловска.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Култура

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more

Почнува Крај Вардарот Џез: Три фестивалски вечери и пет концертни настапи кои кокетираат со авангардни стилови

Read more

Под слоганот Приказна се чита денеска почнува Саемот на книга

Read more

Вечерва во МКЦ премиера на документарецот Време на бетон

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе