Со МРП вакцина досега вакцинирани 32.653 деца, бројот на заболени од морбили намален за 30 отсто

Скопје, 12 јули 2019 (МИА) – Министерството за здравство соопшти дека вкупниот број вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина, од почетокот на епидемијата со морбили (мали сипаници) во целата држава изнесува 32.653.

Од нив, 16.082 деца се вакцинирани на територија на град Скопје, додека пак, 16.571 дете е вакцинирано во останатиот дел од државата.

Во текот минатата недела (од 6 јули до 12 јули) се пријавени 11 сомнителни случаи. Од нив, 10 случаи се класифицирани како мали сипаници, што покажува намалување од 30 проценти, споредено со минатата недела. Од вкупниот број пријавени случаи, седум се од Скопје, а останатите тројца од Куманово. Според вакциналниот статус, девет од регистрираните случаи се невакцинирани, нецелесно вакцинирани или со непознат вакцинален статус. Оваа недела не се регистрирани нови случаи на мали сипаници кај здравствени работници, посочува Министерството.

Во целата држава остануваат уште 10.203 невакцинирани деца на возраст до 14 години. Потребно е да се засили спроведувањето на вакцинацијата, особено на предучилишните деца надвор од Скопје, каде од вкупно 19.494 невакцинирани, досега се вакцинирани само 11.130 деца, се додава во соопштението.

Во извештајот на Европската комисија се вели дека Министерството за здравство презеде чекори за контрола на ситуацијата со епидемијата, преку директна вакцинација во училиштата и детските градинки и со почнување голема кампања за вакцинација. Вакцинацијата е единствената мерка за заштита од мали сипаници. Сите деца што се невакцинирани, за да се заштитат од заболувањето, треба веднаш да се вакцинираат, стои во соопштението.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Македонија

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Read more

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Read more

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Read more

Почна реконструкцијата на стариот пешачки мост на Вардар

Read more
 

Вести

Се степале вработени во болница во Карпош

Читај повеќе

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Читај повеќе

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Читај повеќе

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Читај повеќе

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе