ПРЕМИЕР ЛИГА 2020/21

Со новиот пораз и нов негативен рекорд за Ливерпул

„Црвените“ се прв актуелен премиерлигашки шампион кој загубил 5 натпревари во низа на домашен терен.

И оваа сезона Ливерпул руши рекорди, но избраниците на Јирген Клоп овој пат рушат само негативни.

Откако синоќа загубија со 0:1 од Челси благодарение на голот на Мејсон Маунт постигнат на три минути пред паузата, „Црвените“ го запишаа петтиот последователен пораз на својот „Енфилд“.

Remote video URL

Пред овој пораз Ливерпул на домашен терен загуби од Евертон со 0:2, Манчестер Сити со 1:4 и од Брајтон и Барнли со по 0:1. Згора на тоа, пред да започне оваа серија имаа две ремија, 0:0 со Манчестер Јунајтед и 1:1 со Вест Бром, што значи дека Ливерпул нема победа дома цели 7 натпревари. Претходно имаше серија од 8 победи во низа дома, низа која застана на онаа победа од 2:1 над Тотенхем.

Она што синоќа го испиша Ливерпул е: прв актуелен шампион во Премиер кој доживеал 5 позари по ред дома, како и клупски рекорд бидејќи Ливерпул никогаш во својата долга историја не загубил пет пати по ред дома.

Иначе, синоќа за малку ќе го завршеше натпреварот и без удар во рамките на противничкиот гол. Таков срам спречи Џорџињо Вајналдум во 85-тата минута.

По 27 кола Ливерпул е дури седми со 43 бодови, 22 помалку од лидерот Манчестер Сити и 4 зад Челси кој го држи последното место кое води во Лигата на шампионите.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе