Хроника

Со нож нападнат малолетник од Арачиново додека чекал автобус

14. септември 2018 - 13:22 | МИА

Скопје, 14 септември 2018 (МИА) - На автобуска постојка на булевар „Крсте Мисирков“ во Скопје вчера околу 13:00 часот 15-годишно момче од скопското село Арачиново, физички било нападнато од друг малолетник од Арачиново, ученик во државното средно училиште „Зеф Љуш Марку“.  

МВР соошти дека додека чекал автобус 15-годишникот физички бил нападнат и со нож му биле нанесени две убодни рани во пределот на левото рамо и половината.

Повреденото момче било пренесено во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и задржано на понатамошно лекување.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коментирај