Мобилни

Со овој едноставен трик ќе си го дуплирате мобилниот интернет

7. ноември 2018 - 16:02 |

Интернет на мобилен никогаш доволно, колку и да имаме знаеме како „да му го најдеме крајот”.

Затоа веруваме дека сите корисници ќе се израдуваат на овој едноставен „трик” со кој можат да добијат двојно повеќе интернет на мобилниот телефон.

Трикот не е ни трик во права смисла на зборот, туку едноставната, лесна и бесплатна мобилна апликација на Македонски Телеком. Покрај сите поволности што ги нуди, од проверка на состојбата на интернетот до плаќањето на сметката со еден клик, оваа мобилна апликација нуди и одлична можност за припејд корисниците да добијат двојно повеќе интернет со активирање на интернет пакет преку самата мобилна апликација.

Двојно повеќе интернет или двојно повеќе смс пораки се добиваат и со активирање на COOL или COOL+ припејд пакетите, а доколку не сте сигурни како се прави тоа и сакате да одите до најблискиот продажен салон на Македонски Телеком, мобилната апликација ви нуди мапа преку која ќе го лоцирате најблискиот.

Достапна за Аndroid и за iPhone, со еден клик симнете ја оваа мобилна апликација и уживајте во сите опции кои несомнено ќе ви ги скратат нервозите и трошоците, а ќе ви го дуплираат интернетот и забавата!

*Промотивен текст

Коментирај