Свет
ПОД КАРАНТИН ПОРАДИ КОРОНА ВИРУСОТ

Со песна против вирусот: Жителите на Вухан излегуваат на тераси и ја пеат химната

28. јануари 2020 - 17:01 | МИА/КАЈГАНА

Жителите на кинескиот град Вухан, кои се затворени во своите домови поради епидемијата на корона вирусот, се обидуваат самите да се охрабрат соочени со оваа несекојдневна ситуација.

Синоќа на социјалните мрежи почнаа да кружат видеа на кои се гледа и слуша како спонтано излегуваат на терасите и заедно ја пеат националната химна и други песни, со цел да си дадат меѓусебна поддршка и охрабрувањње.

Во стамбените блокови одекнуваше рефренот на кинеската химна, кој гласи „Стани, стани, стани“, додека некои граѓани извикуваа „Бори се Вухан“.

Досега од корона вирусот починаа 107 лица, а заразени се речиси 4.600 луѓе.

Корона вирусот се појави во Вухан, од каде се прошири низ Кина и во светот. Градот со 11 милиони жители моментно се наоѓа под целосен карантин.  

Коментирај