Со полн камион огревно дрво е фатен вработен во Шумската полиција

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) информира дека вчера во кратовско Таласманци, од страна на Шумската полиција запрено е возило кое превезувало огревно дрво во количина од 8,70 м³, управувано од лице вработено во Шумска полиција за кое по извршена контрола е утврдено дека е со несоодветни исправи и е одземено.

Настанот, како што информираат од МЗШВ, е регистриран вчера во 15:00 часот во м.в. Дупка, с. Таласманци, Кратовско.

„При извршената контрола утврдено е дека лицето Ј.М., кое што управувало со возилото, е вработено во Шумска полиција Крива Паланка и воедно е со несоодветни исправи, односно на самата испратница како возач на возилото наведено е друго лице со иницијали М.Ј. Од таа причина од страна на Шумската полиција возилото е привремено одземено и е предадено во ЈПНС Кратово до соодветна понатамошна постапка. Против вработеното лице ќе се спроведе постапка, одговорност за ова ќе има“, се вели во соопштението од МЗШВ.

Од МЗШВ, порачуваат дека законот е ист за сите и дека одговорност за ова ќе има, како и дека продолжуваат максимално во стопирање на криминалот и нелегалната трговијата со дрво.

Тагови
реклама

Зошто не треба да јадете банани за појадок?

Read more

Стигнуваат реакции за трагедијата во Кочани, МВР потврди дека има приведени

Read more

Црн ден за Македонија: 51 лице загина во пожар во дискотека во Кочани

Read more

Како да направите совршено пире од компири?

Read more

Хроника

Приведено лице од скопско поради предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици

Read more

Кавадарчанец со BMW дрифтал на улиците, МВР му го одзеде возилото поради создавање бучава

Read more

Малолетничка уценувана со објавување експлицитно видео откако се обидела да ја прекине врската

Read more

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството зад „Мавровка“

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Бројот на жртви во пожарот се искачи на 59, меѓу нив и полицаец

Читај повеќе

Германија ја формира првата територијална одбранбена дивизија со 6.000 војници

Читај повеќе

Стефковски: Сместување за семејствата на повредените кои се на лекување во Скопје

Читај повеќе

Во моментот 118 лица се згрижени низ болниците во државата, вели Таравари

Читај повеќе

Истрагата за пожарот во кочанската дискотека ќе ја водат 5 обвинители

Читај повеќе
  • play_arrow

Пред болницата Св. Наум Охридски се читаат имиња на повредените во пожарот

Читај повеќе

Црвениот крст отвори сметки за донации за настраданите во пожарот во Кочани

Читај повеќе

Објавени телефонски броеви за информации за состојбата на пациентите, има 152 хоспитализирани лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Повеќе од 50.000 луѓе протестираа против Орбан во Будимпешта

Читај повеќе