Со проектот „Сега“ отворен македонскиот павилјон на Биеналето во Венеција

Со претставување на проектот „Сега“ на Бирото за проектирање – БИНА во палатата Ѕорѕи, седиште на УНЕСКО во Венеција, денеска официјално е отворен македонскиот павилјон на 17. Биенале на архитектура во Венеција.

Куратори на проектот се архитектот Бекир Адеми и универзитетскиот професор Јордан Шишовски, а покровител на изложбата е Министерството за култура.

Проектот „Сега” ја зема предвид состојбата на итност за промени во општеството и открива два аспекта на просторно-временското суштествување – потребата од издвојување и заштита наспроти потребата за симбиотска релација со околината. Концептот е дрвена композиција составена од дрвени елементи меѓусебно поврзани во една единствена хармонична просторна структура, архетипизирана рамка, асоцијација на куќа, дом и засолниште.

По повод отварањето на павилјонот, со видео порака се обрати министерката за култура Ирена Стефоска која порача дека македонските уметници ја имаат целосно нејзината поддршка и им посака проектот да привлече големо внимание.

– Погледот на креативниот свет во моментов е насочен токму кон Венеција. Македонскиот павилјон го краси вашата визија која, повторно ќе речам, убедена сум дека го дава одговорот на тематското прашање на ова биенале: „Како ќе живееме заедно?, рече Стефоска.

На отворањето на македонскиот павилјон се обрати и Матео Розати, претставник на Регионалната канцеларија на УНЕСКО во Венеција, кој посочи дека не е првпат канцеларијата на УНЕСКО да биде домаќин на националниот павилјон на Северна Македонија во рамки на Биеналето во Венеција и нагласи дека годинашната изложба е првиот голем меѓународен културен настан повторно отворен за време на пандемијата.

Комесарот на проектот, Дита Старова-Ќерими го оцени денешниот настан како ретка можност за достоинствено претставување на земјава на една од најпрестижните манифестации која традиционално се одржува во Венеција.

– И покрај светската пандемија која на глобално ниво ни донесе многу општествени промени, истрајноста не охрабри и донесе да покажеме дека имаме проект кој коренспондира на прашањето „Како ќе живееме заедно”, истакна Старова-Ќерими.

До крајот на ноември, архитекти и ентузијасти од целиот свет во Венеција ќе ги претстават своите дела. 17-то Венециско биенале на архитектурата се случува со одложување од една година, заради поместувањата кои ги предизвика COVID-19. Организацијата на традиционалните локации Џардини, Арсенале и останатите локации низ Венеција е на највисоко ниво и според COVID-19 протоколите, а посетителите со во значително намален број. Годинава, Биеналето вклучува 112 учесници од 46 земји, со делегации од Африка, Латинска Америка и Азија и со широко женско претставување. Македонија во континуитет од 2004 година се претставува на оваа најпрестижна манифестација.

Тагови
реклама

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе