Со субвенционирани придонеси зголемени платите на 44.940 работници

Скопје, 30 декември 2019 (МИА) – Со мерката за субвенционирање на придонесите поради покачување на платите 44.940 работници во реалниот сектор добиле зголемена плата. Во просек платите на овие вработени се зголемени за 4.100 денари.

-Оваа мерка дава одлични резултати, 44 940 работници во реалниот сектор добиле зголемување на плата со оваа мерка која законски е гарантирана и согласно со која работодавачките се ослободени од плаќање придонеси за зголемување на плата од 600 до 6000 денари. За ноември просечно овие 44 940 работници добиле зголемување од 4.100 денари, рече на денешната прес-конеференција министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

Во реалниот сектор, додаде таа, има 490.000 работници, така што овде зборуваме за зголемување на платите кај девет отсто од нив.

-Овие резултати покажуваат дека само за еден месец, период во кој се имплементира мерката, постигнавме половина од проекцијата која беше 20 проценти опфат на сите вработени. Тенденцијата на раст на плати продолжува и оваа мерка дава резултати, рече министерката.

Таа очекува до февруари бројката на работници кај кои е зголемена платата да се искачи на 20 проценти од вкупно вработените во бизнис-секторот.

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, потенцира дека одобрувањето на субвенциите било мошне едноставно за работодавачите преку целосно автоматизиран процес.

– Во УЈП 422 работодавачи за октомври пријавиле зголемување на платите за своите работници за 6.584 лица користеле право на субвенции на придонеси во износ од 6.474 587 денари, додека за ноември оваа бројка е повисока и 7.613 работодавачи искористиле субвенции во висина од 77.573. 565 денари за 44.940 работници, информира Лукаревска.

Како што додаде, и при зголемување на минималната плата од 12.500 на 14.500, иако се пресметуваат и плаќаат исти придонеси, сепак е предвидено субвенционирање на придонеси пресметани на разликата на зголемувањето на платите.

Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи на Македонија апелираше компаниите без страв и колебање да ја искористат оваа мерка и во образецот да ги обележат работниците за кои бараат субвенција.

-Фирмите најчесто се плашат дека потоа ќе имаат контроли или мислат дека ќе имаат обврски какви имаа со поранешните закони. Овој закон не прави притисок и товар, само олеснува, рече Димитров.

Појасни дека работодавачите со законот не се обврзани дали и натаму ќе ја зголемуваат или намалуваат платата, дали ќе се намали бројот на вработени. Нема да имате последици, немате никакви други обврски освен тоа што законот ве охрабрува да ја покачите платата, а придонесите кои се 42 отсто од нето зголемувањето го плаќа државата на фондовите и АВРМ, појасни тој.

Со мерката за субвенционирање на придонесите поради покачување на платите се очекува до 20 проценти од вработените во приватниот сектор да добијат поголеми плати. За оваа мерка во Буџетот за наредната година се планиран 2 милијарди и 400 милиони денари. Барањата за субвенционирањето работодавачите ги поднесуваат преку месечната пресметна за интегрирана наплата до УЈП, каде проверуваат дали условите се исполнети и прават пресметка за износот на субвенционирани придонеси.

Субвенционирањето се врши директно во пресметката со намалување на износот на придонеси за плаќање. Пресметката на утврдување на износот на придонесите, како и намалување на износот на плаќање е целосно автоматизирана процедура со што работодавачите на наједноствен начин да можат да го остварат правото.

реклама

Македонија

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Read more

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе