Кике Сетјен ќе ја води Барселона и следната сезона, потврди претседателот на каталонскиот клуб Жузеп Марија Бартомеу.
Сетјен го наследи Ернесто Валверде среде сезона, по многу лоши резултати на клубот, но играта на Барса не се смени многу и речиси е сигурно дека Реал Мадрид ќе ја освои титулата.
Но, и без титула, клупата му е сигурна на Сетјен.
„Сетјен ќе ја однесе екипата во Лигата на шампиони. Тој има намера да ја води екипата и следната сезона, а наша обврска е да се држиме до договорот што го потпишавме“, рече Бартомеу.
Сетјен има договор со Барселона до јуни, 2022 година.