Со традиционалното палење на маските заврши Вевчанскиот карневал

Вековната традиција на вевчанските василичари заврши со традиционалното палење на маските во центарот на селото.

По дводневните акробации, хумор и сатира низ вевчанските улици, василичарите попладнево симболично го избркаа злото и со верба за среќа и бериќет во текот на претстојната година ја завршија годинашната матифестација Вевчански карневал.

Двете василичарски друштва Горна и Долна маала со традиционалните маски зет и невеста, глупавите Августи, ѓаволите, зурлите и тапаните, годинава беа придружувани од талибанци, вакцинални пунктови, пратеникот Кастриот Реџепи, директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски…, ја збогатија отворената театарска сцена во која уживаше бројна публика од земјава, но и пошироко.

На шеговит начин го прикажаа копањето биткоинти, симболично собирање дрва „да си ги стоплат децата“, не изостана ниту исмевањето за енергетската криза со инвестиции во зелена енергија и во производство на струја, потсетија на екс премиерот Никола Груевски со бадниковото лепче, протестираа за ослободување на тенисерот Новак Ѓоковиќ, како и неговиот настап на Австралија опен. Не ја заборавија ниту хуманоста на словенечките пожарникари, кои помонаа во гаснењето на пожарите во земјава, а одиграа и сцени од филмот „Тома“.

Вевчанци уште од утре ќе почнат да планираат во што ќе се маскираат следната година. Добро познато е дека вевчанци ќе кажат сѐ, но, до карневалското дефиле не откриваат во што ќе се маскираат. Инспирирани од актуелните случувања во државава и светот на сатиричен начин ги исмеваат, но и упатуваат силни пораки кон политичарите и општеството.

реклама

Зошто не треба да јадете банани за појадок?

Read more

Како да направите совршено пире од компири?

Read more

Трамп воведува целосна забрана за патување или ограничување за граѓаните од 41 земја

Read more

Решете го проблемот со лошиот здив со помош на две овошја

Read more

Култура

Изложбата „Портрети и фигури – избор од колекцијата на Националната галерија“ поставена во Чифте амам

Read more

Светска премиера на симфониската суита Итар Пејо во Филхармонија

Read more

Женското рели денеска ќе ги размрда улиците во Скопје

Read more

Cамостојна изложба на Анита Огњановска

Read more
 

Вести

Трамп воведува целосна забрана за патување или ограничување за граѓаните од 41 земја

Читај повеќе

Филипче: Мицкоски не сака реформи, туку судство по своја мерка

Читај повеќе

Приведено лице од скопско поради предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици

Читај повеќе

Песков до Украинците во Курск: Времето ви истекува

Читај повеќе
  • play_arrow

Убиен лидерот на ИСИС во Ирак и Сирија

Читај повеќе
  • play_arrow

Автомобил удри во граѓани кои оделе на протест во Белград, има повредени

Читај повеќе
  • play_arrow

Каде е Вучиќ додека се подготвува најголемиот протест против него?

Читај повеќе
  • play_arrow

Поголема група маскирани лица во црно маршираат низ Белград

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Куба во мрак: Милиони граѓани повторно останаа без струја

Читај повеќе