КОНМЕБОЛ КОПА АМЕРИКА 2021

Со триумф на Копа Америка, Меси ќе стави крај на дебатата дали е најдобар

Филип Здравески
/ 09.07.2021 / 10:23

Немањето репрезентациска титула го мачи Лео Меси целата негова кариера, но сега има нова шанса конечно да го скрши проклетството.

Двајцата најдобри фудбалери во новиот милениум, Кристијано Роналдо и Лионел Меси, имаа една голема мака: сите успеси им беа на клупски план, а со репрезентациите никако да стигнат до пехар. Роналдо тоа проклетство го скрши во 2016 кога Португалија триумфираше на Европското првенство, а потоа стана и прв освојувач на Лигата на нации, иако ова натпреварување и нема некоја тежина.

Меси само што наполни 34 години, но и натаму го мачи тој успех со Аргентина, успех кој никако да дојде. Црната дамка во кариерата на аргентинскиот виртуоз се четирите загубени финалиња со „Албиселесте“: 3 во Копа Америка и 1 Мундијал.

Црната серија на Меси почна во Венецуела во 2007 година кога во финалето на Копа Америка Аргентина играше против Бразил и загуби со убедливи 3:0 иако важеше за голем фаворит бидејќи „Кариоките“ беа со комбиниран тим без тогаш најдобрите Роналдињо, Кака и Роналдо, а Меси со Ернан Креспо, Пабло Аимар, Хуан Роман Рикелме и Карлос Тевес.

Remote video URL

Наредното финале стигна после цели 7 години, односно на Мундијалот 2014 во Бразил каде Германија со минимални, но доволни 1:0 на продолженија го победи тимот на Меси.

Remote video URL

Потоа и во наредните две години следуваа две разочарувања, уште поневеројатни од претходните. Во 2015 Аргентинците на Копа Америка загубија на пенали од домаќинот Чиле за ново разочарување за Меси.

Remote video URL

Наредната 2016, на она јубилејно вонредно издание кога се славеа 100 години Копа Америка и тоа во САД, повторно истите репрезентации го репризираа финалето во буквална смисла: 0:0 по 120 минути игра и пенал-рулет. Меси дури и промаши пенал, а Аргентина повторно загуби. Во изданието во 2019 заглавија во полуфиналето откако Бразил ги елиминираше.

Remote video URL

Сега, Аргентина и Меси се пред своето петто заедничко финале, четврто на континенталното натпреварување. Домаќин е Бразил и тоа на „Маракана“ во Рио, и најверојатно без гледачи. Без разлика на сѐ, Меси е пред голем предизвик бидејќи без репрезентациска титула ниту еден фудбалер не може да биде меѓу најдобрите на сите времиња. Несомнен е талентот на Меси, и сите негови достигнувања со Барселона, сите голови и асистенции, но без титула со Аргентина ќе биде како оние виртуози кои имале само клупски успеси како легендарните Ференц Пушкаш, Еузебио, Џорџ Бест и плејада други.

Еден фудбалер, колку е да е добар, колку и да е вонсериски играч, на крајот го дефинираат освоените титули. Но, потешките титули се оние со своите репрезентации, а такви Меси има нула и тука е проблемот.

„Ја исполнивме првичната цел, а таа беше да играме во финале. Имам поголема надеж од било кога бидејќи сме во ново финале. Отсекогаш сум велел дека да освојам титула со мојата репрезентација ми е најголемата желба“, вели Меси во пресрет на финалето.

Но, за таа титула се прашува и Бразил. Бразил кој последните две финалиња против Аргентина ги има добиено (2007 и 2005), а загубил во 1991 кога се играла финална група, иако во меѓусебниот натпревар Аргентина победила.

Меси својата нова шанса, можеби последна во кариерата, ќе ја има ноќта помеѓу сабота и недела со почеток од 2 часот по македонско време, односно 21 по локално. А, правдата ќе ја дели уругвајскиот судија Естебан Остохич.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе