Со ваша помош dm донира 448.730 денари за набавка на пакети со храна за социјално загрозени сограѓани, дистрибуирани преку хуманитарната организација Свети Спас

Додека купувачите ширум светот се подготвуваа за најлудите попусти на познатиот Black Friday, вие се подготвивте за неверојатен шопинг и учество во хуманитарна активност заедно со вашите омилени dm дрогерии!

Најголемиот европски дрогериски ланец, шеста година по ред наместо попусти, го обои овој петок во розово и донираше 5% од вкупниот дневен промет остварен тој ден во хуманитарни цели. На 29 ноември 2024 година со помош на купувачите, dm успеа да собере 448.730 денари за хуманитарни цели. Имено, собраните средства ќе бидат искористени за набавка на пакети со храна за социјално загрозени сограѓани, кои ќе бидат дистрибуирани преку хуманитарната организација „Свети Спас“.

„Многу сме среќни што оваа наша иницијатива станува сѐ попозната во нашата заедница и сите со нетрпение ја очекуваат бидејќи шеста година по ред успешно продолжуваме да го шириме духот на добрината и солидарноста. Секој купувач кој учествуваше во оваа иницијатива е дел од нешто поголемо – дел од промената. На овој ден, ние не само што се обединуваме за да помогнеме, туку и создаваме заедничка свест за важноста на помагањето. Заедно можеме да направиме разлика и да покажеме дека добрината е наша најсилна страна!“, Изјави Кристина Дуранска, менаџер за маркетинг и комуникации во dm.

Започнувајќи од 2019 година, општествено-одговорната компанија dm под слоганот „Giving is the new black“ ја спроведува оваа активност во нашата земја, при која секој Black Friday, наместо попусти, компанијата им нуди можност на своите купувачи да се вклучат во една филантропска активност, во која компанијата донира 5% од вкупниот промет од сите dm дрогерии остварен на овој ден во хуманитарни цели!

реклама

Лето 2025: Топ 5 најевтини места за одмор за македонските туристи

Read more

Што е најевтино за возење: Електричен автомобил, бензинец или дизелаш?

Read more

Ретрограден Плутон ќе им го смени животот на четири хороскопски знаци

Read more

Која е најдобрата заштита за автомобил од град?

Read more

Македонија

Силјановска-Давкова: Потребни се гаранции за македонската евроинтеграција

Read more

Филипче: Не можам да најдам разумно објаснување зошто ВМРО-ДПМНЕ не го поддржа законот за помош за настраданите од Кочани

Read more

Мицкоски најави инвестициски бум: Ќе се инвестира во здравството, енергетиката и железницата

Read more

Обилни врнежи од дожд, засилен ветер и заладување, најави УХРМ

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова: Потребни се гаранции за македонската евроинтеграција

Читај повеќе

Филипче: Не можам да најдам разумно објаснување зошто ВМРО-ДПМНЕ не го поддржа законот за помош за настраданите од Кочани

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како Русите ја склопија „Франкенштајн“ ракетата на Путин?

Читај повеќе

Значителен пад на нелегалните влегувања во ЕУ преку Западен Балкан

Читај повеќе

Жена од Кичево физички нападната од сопругот и синот

Читај повеќе

Пушки, пиштол и муниција пронајдени во Демирхисарско

Читај повеќе

Скопјанец нападнат во Аеродром поради недоразбирање во сообраќајот

Читај повеќе

Дали Макрон ќе распореди нуклеарно оружје низ Европа?

Читај повеќе

Трамп: Сакам договор со Иран, но мора да престанат да го спонзорираат тероризмот

Читај повеќе