Со Вегета Фант времето може да се купи

Новиот асортиман на Вегета Фант мешавините нуди кулинарски решенија за секој ден. Вегета фант дава одговор на постојаните прашања за тоа што да се готви утре и дава можност да подготвите висококвалитетни и вкусни оброци брзо, едноставно и лесно. Секој производ е рецепт за ново фантастично јадење. И вештите готвачи, но и оние кои што се помалку вешти во кујната со Вегета Фант можат да подготват вкусно јадење. Без разлика дали сакате брз оброк со тестенини, зеленчук или со месо, Вегета Фант ви го нуди најпрактичното решение.

Отсега, можете да го збогатите вашето мени со нови Вегета Фант производи: за шпагети болоњезе, за лазањи, за запечени тестенини болоњезе, за запечени тестенини со шунка и сирење, односно Вегета Фант за сос од печурки и сос од сирење. Сите производи се произведени од најквалитетни состојки и се без додадени подобрувачи на вкус.

Со Вегета Фант времето може да се купи!

Вегета Фант сос од сирење
Совршено кремаст и нежен, Вегета Фант сосот од сирење е идеален додаток на сите видови јадења. Без разлика дали јадете зеленчук во жешките летни денови или уживате во некои специјалитети со месо, сосот со сирење не можете, а да не го употребите.

Вегета Фант сос од печурки
Сосот од печурки Вегета Фант е збогатен со сушен вргањ и шампињони и како таков им дава специфичен вкус на јадењата од месо, тестенини или ориз.

Пробудете ги вкусовите на есента и мирисните шуми; подгответе го вашиот омилен специјалитет со сос од печурки веќе денес, а за свечени пригоди предлагаме да го оплемените вашиот оброк со додавање на слатка павлака, путер или коњак.

Вегета Фант за шпагети болоњезе
Шпагети болоњезе е едно од најпопуларните јадења кое редовно се подготвува во многу домови, а штом ќе ја откриете мешавината Вегета Фант за шпагети болоњезе, тоа ќе стане чест гостин и кај вас.

Вегета Фант мешавината за болоњезе сос е одличен избор затоа што содржи дури 31% сушени домати. Сега, кога го откривте рецептот за најдобар сос болоњезе, размислете внимателно со кого ќе го поделите.

Вегета Фант за лазањи
Со месо или вегетаријанска лазања, тоа го оставаме на ваши избор – но на крајот на денот тоа навистина е ирелевантно кога имате толку многу добра основа.

А најдобрата основа за совршени лазањи е мешавината за лазањи од Вегета Фант која содржи сушен кромид, домати, магдонос и целер.

Запечени тестенини со шунка и сирење
Чиста класика! Шунка и сирење природно си одговараат заедно, но кога ќе ги додадете тестенините кои претходно не треба да се готват, добивате вкусно и убаво јадење, па дури и најмладите можат да го подготвуваат со вас.

Запечени тестенини болоњезе
Идеално јадење кога не знаете што да готвите или немате доволно време за поголеми кулинарски предизвици. Едноставно и брзо за подготовка, без претходно да се готват тестенините, без миење садови и нередот во кујната. Сушените зачини даваат богат медитерански вкус на мешавината која е без додадени подобрувачи на вкус. Практично, брзо и вкусно.

*Промотивен текст

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Рецепти

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Read more

Италијански готвач открива: Кога се посолува водата за варење тестенини?

Read more

Традиционално католичко велигденско лепче со суво грозје

Read more

За посни гурмани: Похувана риба во слатко-кисел сос

Read more
 

Магазин

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе