Xiaomi постави ново најдобро време на Нирбургринг.
Кинескиот електричен автомобил Xiaomi SU7 Ultra е новиот рекордер за електрични автомобили со четири врати на патеката Нирбургринг Нордшаф.
Претходно оваа година, Porsche Taycan Turbo GT го постави рекордот на Нирбургринг (7:07 минути) за најбрз автомобил со четири врати.
Сега Xiaomi објави дека го надмина тој резултат со прототипот на новиот електричен автомобил SU7 Ultra. Xiaomi успеа да постигне спектакуларно време додека кругот го помина за 6 минути и 46,874 секунди.
Новиот Xiaomi Ultra има 1548 КС и забрзува од 0-100 км/час за 1,97 секунди. Максималната брзина е 350 км/час.
Ова е всушност прв обид на прототипот на Нирбургринг.
„Ова е чудо, но и нов почеток“, вели Xiaomi.
Се вели дека рекордот го поставил британскиот возач Дејвид Питард, кој победи на трката 24 часа Нирбургринг минатата година.
Сериската верзија на моделот Xiaomi SU7 Ultra ќе биде лансирана на пазарот во првата половина на 2025 година.
На прв поглед се чини дека прототипот сè уште е далеку од сериски автомобил, со агресивни спојлери, спуштена каросерија, намалена маса...
Во секој случај, ова ја покажува способноста на Кинезите да изградат супербрз електричен автомобил за патеката.