Собрани над милион евра за полицајците повредени при протестите на „жолтите елеци“

Париз, 10 јануари 2019 (МИА) – Во онлајн акцијата за прибирање средства за припадниците на француската полиција и жандармерија повредени за време на протестите на „жолтите елеци”, што пред два дена ја иницираше на претседателот на регионот Прованс-Алпи-Кот-д’Азур, Рено Музелие, досега се собрани над еден милион евра, јави дописникот на МИА.

Собирањето на средства за повредените полициајци претставува одговор на акцијата за прибирање пари за правна поддршка на поранешниот боксер Кристоф Детанже, кој е обвинет за напад врз двајца припадници на жандаремријата во Париз во саботата, за што ќе му се на 13 февруари. Во меѓувреме на Детанже му е изречена мерка притвор.

До денеска до 13:49 беа собрани 1.008.223,09 евра за помош на полицајците од вкупно 36.894 донатори или во просек по над 27 евра по донација.

„Храброст и неограничена поддршка на нашите сили за спроведување на законот и безбедноста“, „Браво за оваа иницијатива; Сите оние кои го отфрлаат насилството и омразата мора да се мобилизираат за да кажат Стоп! Тоа е наша индивидуална и колективна одговорност“, се само некои од пораките на поддржувачите на акцијата.

Во презентацијата на акцијата, Музелие, кој доаѓа од редовите на на опозициската конзервативна партија Републиканци, вели дека должност на сите „поддржувачи на Републиката е да одговорат на апсолутно аморалниот карактер (на собирањето средства за поддршка на Кристоф Детинже), што треба да биде осудено“.

„Кога напаѓаме полицаец, жандарм или пожарникар, всушност, ја напаѓаме Франција“, додава Музелие, кој е поранешен француски државен секретар за надворешни работи.

Музелие сака да го поддржи 1.050-те полицајци, жандарми и пожарникари повредени од почетокот на протестите на движењето на „жолтите елеци“.

„Оние кои ги ставаат своите животи во опасност за да ги заштитат нашите и за да се почитува републиканскиот поредок во Франција, се соочуваат со апсолутно неподнослив бран насилство и омраза“, додава тој.

Еден од портпаролите на Музелие соопшти дека собраните пари ќе бидат донирани на здруженијата на националната полиција и на оргзнизациите за помош на жандармите, полицајците и пожарникарите за да бидат дистрибуирани до повредените припадници на силите на редот.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Read more

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Read more

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more
 

Вести

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе