Собранието едногласно ја донесе Декларацијата за членство во НАТО

Со 76 гласа „за“, без воздржани и против  Собранието на денешното продолжение на 53. седница ја донесе Декларацијата за поддршка на пристапниот процес за членство на Република Македонија во НАТО.

Пратеникот од СДСМ, Хари Локвенец рече дека влезот во НАТО директно носи безбедност и стабилност, но сепак, како што посочи, најголемите индиректни влијанија што ги носи членството не се воени, туку економски бенефиции.

- Искуствата на земјите од ЈИЕ поврзани со членството во НАТО покажуваат дека кога некоја држава ќе се приклучи на Сојузот не може, а да не се споменат дополнителните ефекти што се одразува во државата, а се од економска природа поврзани со раздвижување на бизнисот и со зголемување на вложувањата од страна на странски инвеститори, рече Локвенец.

Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека неговата партија ќе ја поддржи Декларацијата и ќе даде силен придонес на патот на РМ за полноправно членство во НАТО алијансата.

- Навистина е придобивка да се биде член на овој сојуз, но истовремено е сериозна одговорност. Членството во НАТО не значи дека веднаш од исток и од југ, од запад и од север ќе се отворат славините и во Република Македонија ќе тече мед и млеко, рече Данев.

Членството во НАТО, како што посочи, значи многу работа и обврски за сите граѓани во Македонија, владеење на правото, независно судство, развиен образовен и здравствен систем...

Тој рече дека факт е оти ВМРО-ДПМНЕ беше онаа политичка опција која во 1990 година се формираше врз три постулата за независна Македонија, влез на РМ во европската заедница и влез на РМ во НАТО.

Седницата ќе продолжи по паузата што ја даде претседателот на Парламентот Талат Џафери бидејќи дел од пратениците учествуваат во работа на собраниските комисии. 

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе