Собранието ги донесе измените на Законот за служба во Армијата

Скопје, 17 јануари 2020 (МИА) – Собранието на РС Македонија во рамки на 126-та седница со 63 гласа за и без против и воздржани го донесе Закон за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Македонија, по скратена постапка.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска образложувајќи го, рече дека влегла во МО за да остари две големи цени – да влеземе во НАТО и армијата да биде ценета, и оти вели, сега може да каже дека овие две цели се постигнати.

-Влегов во МО за да постигнам две големи цели една е членстовто во НАТО, а второ е да покажеме дека армијата може да биде ценета, почитувана, финансирана, и обезбеднеа. И задоволство ми е што денешниот закон кој убедена суми според дискусиите на собраниските комсии ќе ја има поддршкат,а ќе можеме да кажеме дека овие две цели се постигнати. Ако законот за одбрана којшто очекувам Собранието наскоро да го поодржи значи да го формулираме начинот и политиките како државата да ја има поддршката на НАТО и да биде дел од системот на колективна безбедност. Овој закон дава шанси да гарантираме дека армијата ќе биде навистина армија на земја членка на НАТО. Тоа е задача која што е вредна не толку за Алијансата, многу е вредна за нас и нашите граѓани кои што се уште сметаат дека оваа е институцијата која што ужива нивната највисока доверба, рече Шекеринкска.

Таа додаде дека Законот за служба овозможува подобар систем којшто ќе гарантира подобра армија, но и подобри услови за работа во неа. Законот подразбира реформи и во делот на регрутирање и во делот на задржување на луѓето вработени во Армијат, но исто така законот дава нови шанси многу подобри шанси и за чесно пензионирање на луѓето коишто работниот век го поминале во Армијата.

-Со овие нови правила ќе добиеме позадоволни припадници, но ќе добиеме шанси и за подмладување на Армијата и тоа е исто така важна работа која што сакаме да ја псотигнеме со законот, рече министерката за одбрана.

По прв пат со законот се дава шанса Армијата да може да стипендира во тек на образование луѓе коишто понатаму преземаат обврска да работата за Армијата, а тоа е, вели, систем којшто постои во сите сериозни поголеми подобро функционални армии особено во Алијансата. Воедно, рече, со законот Армијата многу пошироко ги отвора вратите за младите коишто сакаат да бидат професионални војници, со тоа што се укинува условот за дополнително доброволно служење на воен рок.

Со законот се регулира и прашањето на војниците коишто завршуват 45 години возраст, на кои им се дава дополнителна сигурност дека нема да останат на улица, ниту ќе бидат фрлени во некоја институција без прашање.

-Еден дел од 45 годишните професионални војници ќе ги задржуваме во армијата, зошто, затоа што сега постои можноста да ги задржиме како цивилни лица ако можат да бидат механичари, авиомеханичари, ако може да бидат стручни служби за кои не е битно да носат униформа, туку  можат и како цивили да ја поддржуваат армијата, рече Шекеринска.

Се покачуваат, рече, и критериумите кои што се однесуваат на напредување на офицерскиот кадар со вметнуваме и на познавањето на англискиот јазик како еден од критеирумите за високите офицерски, бидејќи, ова е вели, веќе армија на НАТО алијансата.

Со законот, меѓу другото, се решава и прашањето на станарината со што секој припадник на Армијата ќе добива надомест за станарина.

-На овој начинја правиме нашата армија да биде НАТО армија.Очекувам и се надевам во име на сите припадници дека ќе имаме добра квалитетна и почитувањана армија, рече Шекеринска.

Од ВМРО-ДПМНЕ се изјаснија дека ќе дадат поддршка за законот, но реагираа зошто сега се предлага пред изборите и за начинот на промената на името на армијата.

Пратеникот Димитар Стевананџија од ВМРО-ДПМНЕ праша зошто министерката во 15-минутниот говор да не каже дека е министерка на Армијата на Република Македонија, како што гласи името на законот.

-Мене не ми е јасно што е страшпно да се каже Армијата на Република Македонија. Зарем не е скандалозно гардата во Армијата на РМ која ги пречекува стартнските дипломати да нема свои ознаки на униформата. Кога ќе ги погледаат нашите уноиформи тие не можат да видат од која земја се војниците. Зарем тоа не е понижување за војниците. Со која одлука го порменивте името на армијата на Република Македонија?, праша Стевананџија.

Реплицираше министерката Шекеринска, која рече дека е лицемерно да се прашува за името на армијата, кога пратениците и министрите од опозицијата кога треба да потпишат патни налози за служеби патувања и да земаат плата да не им пречи името Северна Македонија.

-Ќе имате право да зборувате за униформи кога ќе сте им оставеле една униформа. Една не купивте, ни гардиска, ни свечена, ни борбена. Доста од тоа тапкање по рамо. Сте отишле да ги прашате како им и што велат  – многу ни беше убаво кога платите ни беа малиа, кога чизмите ни беа скинати, кога униформите ни беа стари. А кога немавме гуми ни акумулатори и бевме паркирани во касарна. Ја мамите и јавноста, а се трудите и да ја мамите и армијата, ама таму потешко ви оди. Вие сте луѓето кои сакате армијата да остане и без плата и без униформа, ама вие кога одите на пат сите си потпишувате и си добате пари од Република Северна Македонија. Нели е тоа лицемерие, од кого ги добивате платите, каде потпишувате патен налог, рече Шекеринска

Според завршните и преодни одредби, измените на законот за служба во армијата треба да влезат во сила од март, годинава.

Пратениците во рамки на 126 седница го поддржаа во прво читање Предлог законот за изменува на Законот за супервизија на осигурување, а во рамки на 123 – седница денеска го поддржаа исто во прво читање Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе