Собранието ги донесе законите од петтиот пакет економски мерки

Собранието едногласно, со гласовите на мнозинството и опозицијата, ги донесе законите од петтиот пакет економски мерки. Во Собранието присуствуваа и двајца пратеници позитивни на COVID-19 облечени во скафандери, кои од посебни кабини учествуваа во работатат на законодавниот дом. „За“ мерките гласаа 113 пратеници, вклучувајќи ја и опозицијата, како и двајцата пратеници од мнозинството, кои гласаа од посебната просторија.

За нивното присуство реагираа координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски и пратеникот од Левица, Димитар Апасиев, кои забележаа дека со присуството на пратениците позитивни на COVID-19, се кршат прописите предвидени за заштита на здравјето на граѓаните за време на епидемија и се загрозува безбедноста на другите присутни во законодавниот дом.

Мицевски рече дека постои законска регулатива, која важи за сите граѓани, во која што спаѓаат и пратениците.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, рече дека присуството на пратениците позитивни на COVID-19 е овозможено согласно протоколот за работа на Парламентот за време на пандемија, односно со дополнување на протоколот.

– Добив дополнување на Протоколот за COVID-19, според кое, пратениците можат да ја вршат својата функција под одредени услови. Оваа сала овозможува простории во кои изолирано пратениците можат да влезат и излезат од Собранието без да имаат контакт со другите, е процедурата која е обезбедена, рече Џафери.

Мицевски забележа дека не може подзаконски акт да биде повисок од Уставот.

– Вие ги кршите законите. Вие сте предмет на кривична одговорност. И не само вие туку и вработените во МВР кои дозволија во Собранието да шетаат лица позитивни на COVID-19, кои треба да се во изолација, рече Мицевски.

Пратениците едногласно го донесоа Законот за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, за месеците февруари и март 2021 година, по скратена постапка, потоа Закон за финансиска поддршка на работодавците погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, заради исплата на платите за месеците февруари и март 2021 година, по скратена постапка. Собранието го донесе и Предлог на закон за изменување на Законот за данокот на личен доход, по скратена постапка.

Инаку, Владата ја повлече Предлог на одлука за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, заради заштита од илегална миграција и заштита на јавното здравје во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација за коронавирусот COVID-19 и спречување од негово ширење и заради висок ризик и зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Северна Македонија.

Претходно, пратениците ги изгласаа и 21 точка од 32. седница, меѓу кои и Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Read more

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе