Собранието ги разреши Тевдовски, Фазлиу и Лика

Скопје, 27 јуни 2019 (МИА) – Собранието ги разреши од функцијата министерот за финансии Драган Тевдовски, министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу и министерот без ресор задолжен за спроведување на Рамковниот договор Хазби Лика. Министрите беа разрешени со мнозинство гласови.

Освен нив, на почетокот на вчерашната собраниска седница беа констатирани оставките на министрот за земјоделство Љупчо Николовски, на министерот за култура Асаф Адеми, на министерот за животна средина Садула Дураку и на министерот без ресор Зоран Шапуриќ.

Расправата за предложената реконструкција на Владата помина во остри реплики и контрареплики меѓу опозицијата и власта. Освен за политиките на Владата, пратенциите се конфронтираа и за капиталните инвестиции, за Договорот од Преспа и за евроинтегративните процеси на државата.

Опозицијата оцени дека станува збор за погрешни кадровски решенија бидејќи се разрешуваат ефикасни министри, а остануваат министри во Владата кои не покажале резултати. Пратениците од опозицијата побараа оставка од Заев на премиерската функција, формирање на техничка влада и предвремени парламентарни избори во октомври.

Според пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, оние кои требало да бидат разрешени се вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи бидејќи тој не успеал да ги координира активностите за државата минатата година да добие датум за преговори со ЕУ, потоа министерот за образование Арбр Адеми и министерот за животна средина Садула Дураку, кој наместо да биде разрешен, е прераспределен на нова функција во новото Министерство за политички систем.

Сличен став изнесе и неговиот сопартиец Влатко Ѓорчев, кој обвини дека се тргаат луѓе кои се неистомисленици. Говореше за оставката на заменик-министерот за образование Петар Атанасов и за разрешувањето на министерот за финансии Драган Тевдовски кое, според него, е погрешно.

– За Драган Тевдовски може било кој што да каже, но сите знаеме дека е чесен. Драган Тевдовски има образ и е чесен. Не се согласувам со неговите политики и неговиот концепт, но во оваа Влада има барем 10-15 министри на кои местото им е да им се побара оставка. Цела оваа метла се сведе на тоа Драган Тевдовски да го изгуби ресорот, рече Ѓорчев.

Во репликата, Заев појасни дека проценил оти Атанасов во моментов не може да ја извршува министерската функција во Министерството за образование.

– Не е соодветно време тој да ја преземе палката на Министерството за образование. Ги знам и предностите, ги знам и слабостите. Така сум оценил, истакна Заев.

Седницата продолжува денеска во 11 часот, а на дневен ред е именувањето на новите министри. на почетокот на денешната седница премиерот Заев го повлече предлогот, тој, покрај премиерската финкција, да ја извршува и финкцијата министер за финансии. 

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Македонија

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Read more

Одрони на неколку патни правци

Read more

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Read more

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Read more
 

Вести

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе