Собранието конституирано, претседателот на десетиот состав ќе се избере кога ќе се создават услови

Согласно здравствените протоколи за заштита од ширење на COVID-19, вчера во Собранието на Република Северна Македонија, во салата со Голема купола се одржа конститутивната седница на десеттиот парламентарен состав каде присуствуаа 117 од вкупно 120 пратеници избрани на предвремените парламентарни избори одржани на 15 јули.

Најмладиот пратеник, односно пратеничка во овој парламентарен состав е Артина Ќазими и доаѓа од редовите на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, додека најстарите пратеници се Илија Николовски од коалицијата „Можеме” и Стојан Миланов од коалицијата „За обнова на Македонија”.

На дневен ред на конститутивната седница беа четири точки, од кој само за првите две имаше расправа. Останатите точки кои предвидуваат избор на претседател на Собранието, негови заменици и членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, според претседателот на претходниот состав Талат Џафери, ќе се дискутираат тогаш кога ќе се создадат услови за тоа.

Според Деловникот на Собранието, на оваа конститутивна седница и претходеше формирање на Комисијата за верификација на мандатите. По предлог на претседателот во претходниот состав Талат Џафери, за претседател на оваа Комисија беше избрана пратеничката Јагода Шахпаска, а за членови пратениците Изет Меџити, Благица Ласоска, Соња Мираковска и Сафије Садики Шаини.

Верификациската комисија утврди дека предвремените избори за пратеници се спроведени согласно со Решението за распишување на предвремени  избори за пратеници во Собранието од 16 февруари 2020 година и Решението за изменување и дополнување на Решението за распишување на предвремeни избори за пратеници од 15 јуни 2020 година.

– Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, одржани на 15 јули 2020 година, ги спроведоа Државната изборна комисија, општинските изборни комисии и избирачките одбори. Врз основа на записниците од општинските изборни комисии и записниците од избирачките одбори Државната изборна комисија ги утврди конечните резултати, рече Шахпаска.

На изборите кои се одржаа на 15 јули коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ освои 46 пратеници, коалицијата „За обнова на Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ – 44, ДУИ – 15, коалицијата на Алијанса на Албанците и Алтернатива – 12, Левица – 2 и ДПА – 1 мандат.

Во новиот парламентарен состав, мандати освоија 43 жени и 77 мажи.

Со одржувањето на конститутивната седница течат роковите за формирање на влада. Во Уставот е предвидено претседателот на државата во рок од десет дена од конституирањето на Собранието да го довери мандатот за состав на Владата на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Парламентот. Мандатарот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата. Владата, на предлог на мандатарот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Претседателот Стево Пендаровски веќе најави дека планира да одржи консултации со политичките партии по конституирањето на Парламентот, по што, согласно уставните одредби, ќе го додели мандатот за формирање нова влада на партијата која ќе обезбед мнозинство во Собранието.

Поради пандемијата, вчерашната конститутивна седница се одржа под посебни здравствени околности. На присутните во Собранието при влезот во зградата им беше мерена телесна температура, а на сите влезови беа поставени средства за дезинфекција.

Бидејќи станува збор за вондредни околности и е неопходно одржување на задолжителна физичка дистанца меѓу пратениците, конститутивната седница се одржа во Големата сала на Собранието, односно во салата позната во јавноста како Голема купола. Меѓу пратениците се почитуваше физичката дистанца и истите носеа заштитна опрема.

Гласањето на седницата ќе одвиваше рачно (со картончиња), а од седницата имаше директен пренос на Собранискиот канал на Националниот радидифузен сервис МРТ.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

Без струја дел од Карпош

Read more

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more
 

Вести

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе