Собранието не му го одзеде мандатот на Никола Груевски

Скопје, 9 ноември 2018 (МИА) – Собранието на Република Македонија денеска не му го одзеде мандатот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.  „За“ предлогот на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања за одземање на имунитетот гласаа 58 пратеници, а 27 беа против.

Собраниската Комисија со мнозинство гласови во средата препорача да му се одземе пратеничкиот мандат на Груевски заради издржување на двегодишната затворска казна за набавката на луксузниот мерцедес во предметот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство.

Барањето за одземање на мандатот на Груевски е според членот 59 од Деловникот на Собранието на РМ. Со него се предвидува за пратеникот осуден за кривично или друго казниво дело што го прави недостоен за вршење на пратеничката функција, известување до претседателот на Собранието да достави судот кој ја изрекол казната.

Денешната одлука на пратениците да му го одземе мандатот на Груевски не го одложува извршувањето на казната.

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ вчера требаше да се јави на издржување на затворската казна. Но, тој и неговите адвокати поднесоа жалби против решението на судијата за извршување санкции кој постапува по предметот. Од судот информираат дека од денеска тече рокот од три дена во кои Кривчниот совет треба да донсе одлука по жалбите.

Пред почетокот на денешната седница, парламентарното мнозинство не го прифати барањето на координаторот на пратеничката група на ВМРО- ДПМНЕ Никола Мицевски дел од дневниот ред  да биде  нивниот Предлог законот за амнестија на лицата обвинити, осомничени и осудени за собраниските настани од 27 април. Мицевски рече дека дел од дневниот ред станале шест-седум закони по скратена постапката за кои не биле информирани, а не се става на седница законот што го предлагаат.  Со поддршката за законот, како што рече, ќе покаже дека намерата е навистина да се работи во насока на помирување, а се друго, како што рече би било политиканство.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Македонија

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Read more

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Read more

Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

Read more

ДУИ си играше власт: Османи стана претседател, Села на Собранието, Бугарите влегоа во Уставот

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе