Собранието расправа за законот за јавно обвинителство

Скопје, 14 февруари 2020 (МИА) – По повеќекратни процедурални забелешки, тензични реплики и контрареплики, обвинувања и контраобвинувања за криминал, и две паузи по еден час, попладнево почна расправата по Предлог-законот за јавно обвинителство.

Емилија Александрова од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата истакна дека од пратениците очекува контруктивна дебата, по која, како што рече, секој пратеник да биде оставен да гласа по сопствено убедување.

-По однос на овој закон вие немате никаков аргумент против. Вие го претворивте ова во ваша лична борба, вие ја заложивте партијата, со кое право, рече таа обраќајќи се на пратеникот Антонио Милошоски.

Тој реплицирајќи и на пратеничката Александрова го повтори ставот што го изнесе и во текот на претходните продолженија на седницата дека овој закон и е потребен „на власта и нејзините партнери кои порано ги нарекувале криминалци“ за да се спасат од криминалните дејства што ги правеле.

Пратеникот Костадин Костадинов истакна дека од однесувањето на пратениците на ВМРО-ДПМНе може да се види дека кај нив може да се види нервозата од донесувањето на ова законско решение.  Овој закон, рече тој, сигурност симбол на борба на правдата наспроти криминалот.

-Тешко е, мачно е, тероризирате, уценувате и се заканувате на наши колеги пртеници. Нема да ви помине, ниту теророт, нити заканите. Република Северна Македонија ќе стане правна држава и секој за кого во потсапка ќе се докаже дека сторил криминал и се огрешил пред законите ќе одговара со казна затвор, истакна Костадинов.

Пратеничката Александрова рече и дека законот е високо издигнат од ЕУ претставниците и оти би бил придонес кон реформските процеси во областа на владеењето на правото и ќе помогне во донесување позитивна одлука на евроинтеграциите на земјава.

Забележа дека во целиот тек на преговорите процесот долго време се водел зад затворени врати меѓу двете најголеми македонски политички партии. Кога видовме дека преговорите одат во ќорсокак, рече таа, се договоривме да дадеме свој предлог и барање за вклучување на сите пратенички групи.

Смета дека со предлозите што ги дале и биле прифатени од власта го подобриле законското решение и оти ваков како што е понуден гарантира неселективна правда.

Проблемот, според Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, е што законот е резултат на пратеници и барања на пратеници, а не на експерти, кои дадоа забелешки што се фрлени во отпад и не се вградени во него. Со тоа што вие го направивте, рече Димовски, вие ја затворивте можноста да се постигне консенсус, ја раскомотивте власта дека можат и без ВМРО-ДПМНЕ да имаат двотретинско мнозинство и направивте да не биде постигнат општ консензус.

Тој додаде и дека не треба на крилјата на евроинтеграциите да се носат вакви законски решенија, затоа што, како што рече, ЕУ не само што гледа дали и каков закон е донесен, туку и како е донесен.

-Да не се залажуваме во март нема да има датум за преговори, рече Димовски додавајќи дека тоа делумно е резултат и на тоа дека „за аферата Рекет амбасадорите знаат повеќе и знаат кој и каде во кој град ја однел торбата“.

Седницата претпладнето почнуваше двапати и имаше две паузи од по еден час. Министерката за правда  Рената Дескоска  на Фејсбук објави дека поради очигледната намера на некои политички партии да го опструираат процесот на носење на Законот за јавно обвинителство одлучиле ниту таа, ниту другите пријавени пратеници од СДСМ и коалицијата да не се јавуваат за збор, со што че заштеделе најмалку осум часа дебат.

За денеска во 15 часот беше закажана седница за разрешување на министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи, но како што најави потпретседателот на Собранието таа ќе се одржи дури откако ќе заврши расправата по законот за јавно обвинителство. Дневниот ред на 136. седница попладнево беше дополнет со уште две точки, Предлог на закон за неевидентирани лица во матична книга на родени, во второ читање, како и Предлог законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка, поднесен од пратениците Јован Митрески, Ејуп Алими и Никола Мицевски.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе