Собранието се конституира во вторник, по Илинден и разговорите за влада

Конститутивната седница на новиот парламентарен состав ќе се одржи во вторник под посебни протоколи поради коронавирусот и во друга собраниска сала – Голема купола. Седницата ќе се одвива според протоколи и критериуми што се утврдени во претходна координација со претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџовски, за да се намали ризикот од евентуално ширење на заразата од коронавирусот.

По илинденските празници партиите најавуваат дека ќе почнат неофицијалните разговори околу формирање нова Влада.

Премиерот и потпретседател на СДСМ, Оливер Спасовски очекува наскоро да биде формирана новата Влада од страна на СДСМ. Ги оценува како небулозни обвинувањата од страна на опозицијата за купување пратеници, потенцирајќи дека ќе нема нови избори. Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, велат дека купувањето пратеници станало заштитен знак на СДСМ.

– Наводното купување пратеници е уште една небулоза на Мицкоски од спектарот небулози кои секојдневно ги кажува. Ние сме сериозни и така ќе се однесуваме и при формирањето на владата. Низ разговор, низ дијалог, со прифаќање на принципите за кои се залагаме, тоа ќе биде основа на која ќе побараме поддршка од пратениците во македонското собрание. Очекувам тоа да се случи многу скоро по формирањето на македонското Собрание, рече вчера Спасовски за „Утрински брифинг“.

Во врска со тоа дали имаат неофицијални разговори околу новата Влада, Спасовски повтори дека СДСМ и коалицијата таквите разговори ќе ги почнат по празникот 2 Август. Тој даде и коментар за изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека е можно да се случат нови избори наесен.

– Мицкоски секој ден ги менува ставовите. Нели до пред некој ден велеше дека тој ќе формира влада, дека составува парламентарно мнозинство. Сега вели нови избори. Тоа е сепак негова работа. Изборите поминаа. На нив има јасен победник. Тоа е СДСМ. Ние ќе ја формираме новата влада, истакна вчера Спасовски.

Според потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисјаловски од власт која, како што вели, организираше поткуп и фалсификат избори какви што поминавме, не може да се очекува чесност и принципи.

– Техничкиот премиер вели купувањето пратеници било небулоза на опозицијата. Тоа што работата не им е завршена, не значи дека „понуди” до пратеници нема. А впрочем, купувањето пратеници некако стана заштитен знак на СДСМ за што говори и минатото искуство, смета Мисајловски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пак, смета дека за време на изборниот процес власта вршела директен поткуп на гласачите. Тој завчера во емисијата „Што не е јасно“ на ТВ Алфа рече дека дури се случувало парите што биле наменети за поткуп да бидат украдени, но веднаш да донесат нови пари. Мицкоски најави темелна кадровска реформа во сите структури на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој истакна дека не би го изненадило и доколку на есен се случат нови предвремени парламентарни избори ако не успеат ниту тие ниту СДСМ, ниту друга партија да формира Влада. -Ако никој не успее да формира влада не ја исклучувам можноста за нови предвремени парламентарни избори наесен, истакна Мицкоски.

На предвремените парламентарни избори што се одржаа на 15-ти месецов, СДСМ освои 46 пратенички мандати, ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15, коалициајата АА и Алтернатива 12, Левица два и еден ДПА. Конечните официјални резулати од изборите беа објавени на 25 јули, кога Државната изборна комисија им ги додели уверенијата на новоизбраните пратеници. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Македонија

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Read more

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Read more

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Read more

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Читај повеќе

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе