Собранието се распушти, изборите на 12 април

Собранието попладнево едногласно со 108 гласа „за“ ја донесе одлуката за самораспуштање во пресрет на најавените предвремени парламентарни избори закажани за 12 април.

Одлуката за самораспуштање беше поднесена од спикерот Талат Џафери, кој во своето обраќање рече дека по направената консултација на 10 февруари со Државната изборна комисија, денешниот ден е последен рок за распуштање на Парламентот.

– Одговорот од ДИК беше дека тие можат да обезбедат соодветен тек на процесот во рок од 55 дена од моментот на самораспуштање на Собранието поради фактот што предвремените избори се поврзани со чинот на распуштање на Собранието, а не со политички одлуки. И поради таа причина, анализирајќи и пресметувајќи ги сите рокови, последниот момент на распуштање на Собранието треба да биде денес со цел да се обезбедат сите рокови и постапки навремено, појасни Џафери.

Посочи дека сите одлуки што биле донесени во Парламентот се донесени во интерес на граѓаните и на државата.

– Како луѓе човечки е нешто и да сме погрешиле. Што се однесува до мене ако сум згрешил, грешката не сум ја направил намерно и јавно се извинувам, потенцира Џафери.

Координаторот на СДСМ Јован Митревски рече дека во изминатите три години сегашниот парламентарен состав поминал низ многу премежија и пребродил многу кризи, но оти тоа не ги спречило да донесат историски значајни одлуки со кои се дефинира иднината на државата.

– На 12 април нè очекуваат предвремени избори. Граѓаните ќе имаат можност да одлучат кому ќе му ја дадат поддршката. Ќе се соочат со две дијаметрално спротивни политики – едната на СДСМ чија главна грижа е граѓанинот и другиот избор за кој нема да коментирам, рече Митревски, посочувајќи ги придобивките за граѓаните од реализацијата на проектите спроведени од СДСМ.

Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски оцени дека во изминатите три ипол години овој парламентарен состав поминал низ тешка политичка криза и обвини за непрофесионално работење и криминал и корупација во редовите на СДСМ.

– Избори мора и ќе има на 12 април. Денес ќе ставиме крај на заложништвото во кое се наоѓа државата, рече Мицевски, посочувајќи дека СДСМ ќе остане запаметена по, како што рече, катастрофалните економски политики, партиските вработувања во администрацијата, немањето странски инвестиции.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Македонија

Врнежливо време со температури до 17°C

Read more

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: Над 70% од студентите по медицина активно учат германски

Read more

Ковачки: Кога ВМРО-ДПМНЕ нешто ќе вети, ќе стави на хартија, ВМРО-ДПМНЕ тоа го реализира

Read more

Левица Денот на планетата Земја го одбележа чистејќи го Водно

Read more
 

Вести

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Читај повеќе

Врнежливо време со температури до 17°C

Читај повеќе

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: Над 70% од студентите по медицина активно учат германски

Читај повеќе

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Читај повеќе

Ковачки: Кога ВМРО-ДПМНЕ нешто ќе вети, ќе стави на хартија, ВМРО-ДПМНЕ тоа го реализира

Читај повеќе

Марко Бањоли во Чифте амам

Читај повеќе

Левица Денот на планетата Земја го одбележа чистејќи го Водно

Читај повеќе

Лични документи може да се подигнат и в среда

Читај повеќе

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Читај повеќе