Пилешкото соте е здрав оброк подготвен од пилешко филе, богат со протеини и малку маснотии, што го прави идеален за урамнотежена исхрана.

Подготвувањето на ова јадење е многу едноставно. Додавањето печурки и бамја го збогатува со влакна, витамини и минерали кои го зајакнуваат имунитетот. Подготовката во маслиново масло со додавање на павлака и зачини дава совршена комбинација на вкус и здрави состојки.
Потребни состојки:
- 600 гр пилешко филе
- 4 лажици маслиново масло
- 200 гр маринирана бамја
- 1 лажица морска сол
- ½ лажичка бибер
- 300 гр маринирана шампињони
- 3 лажици брашно
- 4 лажици павлака
- мешавина од зачини
- 1 лажица путер
- 1 грст свеж магдонос
Подготовка:
Пилешкото филе исечкајте го на помали коцки, посолете го и побиберете го. Во загреаната тава на маслиново масло додадете го пилешкото. Во тавата додадете ги маринираните печурки и мешавината од зачини. Кон крајот на подготовката додадете ги бамјите и почекајте да се соединат состојките. Додадете малку брашно во садот, а потоа истурете топла вода и поклопете да се готви полека.
Кон крајот додадете павлака. Послужете го пилешкото со сечкан магдонос.