Социјалните претпријатија како можност за економски развој - панел дискусија на претставници од Северна Македонија и Србија

Социјалните претпријатија како можност за економски развој, соработка и напредок на заедниците преку развојот на социјалното претприемништво, беа тема на завршната конференција од прекуграничен проект „Социјално претприемништво за развој на регионот" што се одржа во „Европската куќа Крива Паланка“.

 На конференцијата се дискутираше моменталните состојби на солидарната економија, европските искуства, законските рамки кои се во најава во земјава, а говореа организаторите, партнерите од проектот и градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, кој ги поздрави и го пренесе искуството од прекугранична соработка со Србија на Општина Крива Паланка и Лесковац.

На првиот панел се дискутираа моменталните состојби на солидарната економија, европските искуства, законските рамки кои се во најава, за кои говореше Барбара Садовска, претседателка на фондацијата „Барка"од Полска и тим лидерка на проектот „Поддршка на социјалните претпријатија", за тоа како функционираат во соседството, Зорана Миловановиќ - Коалиција за развој на солидарна економија и Снежана Милисављевиќ – „Путоказ Крагујевац", како и владината претставничка, Нола Исмајлоска Старова, национален координатор за регионална соработка и европска интеграција, која ги презентираше можностите за пласман на заеднички пазари и економските потенцијали кои ги нуди програмата „Отворен Балкан“.

 Во вториот панел учесниците ги слушнаа искуствата и препораките на сегашните и идни социјални претприемачи, учесници на Академијата за социјална економија која се одржа во рамки на проектот, преку инспиративни приказните за развој на рурален туризам во Кумановско, дизајнерски чанти од отпаден кожен материјал во чие производство ќе бидат вклучени жени од маргините на општеството, лицата кои живеат со ментални предизвици и се гледаат како работници интегрирани во социјално претпријатие, за органската козметика, ранчот кој нуди терапија за лица со аутизам и ќе го стави кривопаланечко на светска мапа за инклузивен туризам, благодарение на набавената опрема преку прекуграничниот проект.

-Овој проект е плод на деветгодишната соработка помеѓу АРНО и Фондацијата Траг од Србија, во рамки на регионалниот натпревар за зелени идеи. Идејата да аплицираме на првиот повик за прекугранична соработка дојде органски, и сме благодарни на европската донаторска поддршка. Социјалното претприемништво е потребно на нашите граѓани, регионот има слични предизвици, но и јасни патокази каде треба да оди - кон инклузија, кон стабилни пазари, кон Европа. Ова денес не е ниту почеток, ниту крај, само дел од една приказна која треба да ја раскажуваме гласно, за да одекне од двете страни на границата и да инспирира се повеќе социјални и зелени бизниси. Што сме посадиле тоа и ќе никне- нека е тоа знаење, помош и солидарност, изјави Ирина Јаневска од АРНО.

Присутните на настанот добија садлива картичка која е промотивен еко-материјал на проектот изработен од македонски зелен бизнис, еко-моливи од српски зелени бизнис и календар со слики и пораки на 12-те македонски и српски социјални претпријатија кои учествуваа во проектот.

Проектот „Социјални претпријатија за економски развој и социјална инклузија“ се спроведува во партнерство на здруженијата „АРНО” од Северна Македонија, Оптимист од Република Србија и „Tраг фондација", координатор, а проектот е финансиран од Европската унија преку Сектор за договарање и финансирање на програми од средства на ЕУ на Министерството за финансии на Република Србија (ИПА 2 програма за прекугранична соработка Република Србија-Северна Македонија 2016-2020).

реклама

Како Американците го „украдоа“ најнапредниот советски хеликоптер?

Read more

Што значи кога ви игра окото и дали може да биде сериозно предупредување?

Read more

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Read more

Што да јадете за здрав црн дроб?

Read more

Македонија

Груби: Работиме на тоа цело ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставни измени

Read more

Ковачевски: Обврска на сите е да го продолжиме патот на државата кон ЕУ

Read more

МВР: Спречено организирано бегство од Идризово, откриен 40-метарски тунел

Read more

Судењето за „Ласкарци“ продолжува на 30 март

Read more
 

Вести

Груби: Работиме на тоа цело ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставни измени

Читај повеќе

Ќе се основа национална установа Оркестар за џез музика во Скопје

Читај повеќе

Најубавата плажа на Закинтос годинава ќе биде затворена за туризам

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Обврска на сите е да го продолжиме патот на државата кон ЕУ

Читај повеќе
  • play_arrow

МВР: Спречено организирано бегство од Идризово, откриен 40-метарски тунел

Читај повеќе

Судењето за „Ласкарци“ продолжува на 30 март

Читај повеќе

Во затворот Идризово откриен тунел за бегство

Читај повеќе

На скопскиот аеродром запленети над 43 килограми златен накит

Читај повеќе

Секс скандалот му се удри од глава: Дали Доналд Трамп ќе биде уапсен денеска?

Читај повеќе