Љубов и секс

Содржините на Pornhub ќе бидат бесплатни за сите корисници ширум светот

25. март 2020 - 9:24 | М.С.

Откако на Италијанците им беа отклучени сите премиум содржини, најпопуларната страница за порно во светот одлучи да им ја олесни изолацијата на возрасните и да им овозможи бесплатен пристап на корисниците ширум светот.

Започнувајќи од вчера, заинтересираните корисници можат да се пријават во делот на страницата каде што пишува „остани дома“ и бесплатно да ги гледаат премиум содржините.

„Скоро милијарда луѓе се во изолација ширум светот поради коронавирусот. Важно е да им овозможиме како побргу да им помине времето“, изјави потпретседателот на Pornhub, Прајс.

Тој додаде дека на овој начин луѓето ширум светот имаат дополнителна причина да останат дома.

Оваа платформа финансиски и материјално помага во борбата против коронавирусот на оние коишто се погодени од кризата.

Коментирај