Софија, 15 ноември 2018 (МИА) – Министерството за правда на Бугарија ги демантира информациите објавени во некои медиуми дека поранешниот македонски премиер Никола Груевски избегал во Унгарија со бугарски пасош.
„Никола Груевски не е бугарски државјанин и не поднел документи за бугарско државјанство. На Груевски не му е издаден бугарски пасош од Министерството за внатрешни работи“, соопшти бугарското Министерство за правда.