АВСТРАЛИЈА ОПЕН 2020

Софија Кенин е новата шампионка на Австралија Опен

Американската тенисерка Софија Кенин е новата шампионка на Австралија Опен.

21-годишната Американка со потекло од Москва направи импресивен пресврт во финалето со Гарбине Мугуруза и ја совлада поискусната Шпанка со 4:6, 6:2, 6:2. Така, таа стана најмладиот шампион во Мелбурн од 2008 година.

Мугуруза, поранешен број еден во светот, стигна до финалето како непоразена, а меѓу нејзините „жртви“ на патот кон мечот за титулата беа Елина Свитолина, Кики Бертенс, Анастасија Павлученкова и Симона Халеп.

Кенин, од друга страна, се справи со 15-годишното дете-чудо, Кори Гоф и лидерката на ВТА листата, Ешли Барти, за да се пласира во финалето, а денес се поздрави со уште поимпресивна и важна победа.

Ова беше втор натпревар помеѓу Мугуруза и Кенин, откако Американката ја совлада Шпанката по втор пат, откако го стори тоа во првото коло на турнирот во Пекинг во септември 2019 година.

Кенин ќе биде седма во светот по успехот на Австралија Опен

21-годишната Кенин ќе се искачи на седмото место на ВТА листата по денешниот триумф на Австралија опен.

Ова ќе биде најдобриот резултат во кариерата на младата тенисерка.

Кенин е најмладата шампионка на Австралија опен по Марија Шарапова, која ја освои титулата во Мелбурн на 20-годишна возраст во 2008 година.

Во 2019 година, освојувачката на Австралија стана Наоми Осака исто така имаше 21 година, но беше еден месец постара од Кенин.

Мугуруза за Кенин: Софија, ќе играш уште многу финалиња

Двократната Грен слем шампионка Гарбине Мугуруза тешко ги задржа своите емоции по поразот во финалето на Австралија Опен од Софија Кенин, но сепак успеа сподели неколку зборови на церемонијата на доделувањето на награди.

– Ќе бидам кратка бидејќи сум многу емотивна. Честитки до Софија за неверојатниот натпревар, неверојатниот турнир, го заслужи трофејот и сигурно ќе играш уште многу финалиња. Благодарност до мојот тим, без кого не би бил тука и кој многу страдаше со мене. Благодарам на мојот менаџер, на мојот физиотерапевт, на Кончита… Благодарам што стигнавме до уште едно Грен слем финале. Беше неверојатно да се игра во вакво опкружување, навивачите се одлични, играме за вас и ви благодарам што дојдовте денес. Благодарност до организаторите за уште еден одличен турнир, ова е скоро мојот омилен „слем“, изјави Шпанката по мечот.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Тенис

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more
 

Спорт

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе