Софија Вергара како кралица на кокаинот во новата серија на Netflix

Софија Вергара ќе ја глуми Гриселда Бланко во новата серија на Netflix во која во 6 епизоди ќе го прикажат вистинскиот живот на кралицата на кокаинот.

Црната вдовица го создала едниот од најпрофитабилните картели во историјата.

Бланко ќе ја глуми познатата актерка Софија Вергара.

„Немилосрдната, но генијална тактика ѝ овозможија да владее со царство од милијарда долари години пред појавата на нарко босови за кои знаеме многу“, рече Вергара.

Бланко стана актуелна во јавноста откако се појави документарниот филм „Cocaine Cowboys“ од 2006 година и неговото продолжение 2 години подоцна, а ја глумеше и Кетрин Зета Џоунс во биографскиот филм „Cocaine Godmother“ во 2018 година.

На врвот на својата кариера таа имала богатство од над 1,5 милијарди евра. Гриселда имала група атентатори наречена Лос Пистолерос. Таа им наредувала да ѝ носат делови од телата на жртвите како трофеи. Таа лично застрелала двегодишно момче, син на нејзиниот непријател. И покрај големиот број убиства, таа била осудена за само три од злосторствата, на 13 години затвор. Кога полицијата влегла да ја уапси таа ја читала Библијата.

Сепак, по ослободувањето од затвор, Гриселда ги прекинала комуникациите со подземјето. Таа била депортирана во Колумбија во 2004 година. Потоа таа се свртела кон религијата и се преселила во Меделин, каде што живеела до нејзината смрт во 2012 година.

Remote video URL
Тагови
реклама

Филм & ТВ

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Read more

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Read more

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе