Софтвер за „антитероризам“ се користел за масовно следење на новинари и активисти

Шпионски софтвер развиен во Израел се користел за успешно хакирање на 37 смартфони ширум светот кои им припаѓале на новинари, владини претставници и активисти на организации за човекови права, според заклучокот од истрагата спроведена од 17 медиумски организации.

Една од тие организации, Washington Post, тврди дека шпионскиот софтвер наречен Pegasus, создаден од безбедносната организација НСО Group, бил користен, меѓу другото, за прислушување телефони на две жени кои биле блиски со Џамал Кашоги, колумнистот на Washington Post кој беше убиен во 2018 година во конзулатот на Саудиска Арабија во Турција, пренесува Reuters.

URL

Лондонски Guardian исто така посочува дека истрагата покажала дека шпионскиот софтвер постојано и често се злоупотребувал дозволувајќи да се извлекуваат СМС пораки, фотографии и е-пошта, тајно да се снимаат повици и да се активираат микрофони на уредите на корисниците.

URL

Заклучоците од истрагата, кои не беа независно потврдени од Reuters, не наведуваат кој и зошто го користел овој шпионски софтвер, но израелската компанија рече дека тој е развиен за владините разузнавачки структури и безбедносните агенции кои се борат против тероризмот и криминалот.

URL

Израелската компанија на својата веб-страница ги негира обвинувањата од истрагата за 17 медиумски куќи предводени од непрофитната организација „Забранети приказни“, со седиште во Париз.

„Извештајот на организацијата Забранети приказни е полн со погрешни претпоставки, неосновани теории и предизвикува сериозни сомневања за веродостојноста и интересите на изворите. Сè укажува на тоа дека ‘неидентификувани извори’ доставиле неосновани информации шо немаат допир со реалноста“, соопшти израелската компанија.

URL

Групацијата НСО соопшти дека нејзината технологија во никој случај не може да биде поврзана со убиството на новинарот Кашоги, но портпаролот на компанијата не беше достапен за да обезбеди дополнителни информации за Reuters вчера.

Амнести Интернешнл го осуди „сериозниот недостаток на законска регулатива“ во областа на софтверот за шпионски (безбедносен) систем.

URL

Во објавата на Washington Post се вели дека повеќе од илјада луѓе од 50 земји биле шпионирани, вклучително и членови на неколку арапски кралски семејства, најмалку 65 истакнати бизнисмени, 85 активисти за човекови права, 189 новинари и повеќе од 600 политичари и владини претставници, меѓу кои и шефови на држави и премиери.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Свет

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Read more

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Read more

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more
 

Вести

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе