Сојузот на спортови Скопје ги додели наградите 13 Ноември

Традиционално, по повод денот на ослободувањето на градот Скопје, Сојузот на спортови на Скопје организира свечено доделување на наградата 13 Ноември.

Годинава, на предлог на Комисија за награди и признанија и со одлука на Управниот одбор на Сојузот, награди се доделени на:

Дејан Георгиевски од Теквондо клубот Бутел Скопје, наградата 13 Ноември – Спортист, за освоено второ место во теквондо на Олимписките игри во Токио, Јапонија 2021 година.

Илина Арсова планинарка – награда 13 Ноември – Спортист, за искачување во Еквадор, Јужна Америка, на пет врвови со над 5.000 метри надморска височина, како и за голем придонес во развојот на спортот.

Наградата – Тренер, се додели на Борче Костовски, кој е тренер на Дејан Горгиевски во теквондо и е заслужен за освоеното второ место на Олимписките игри во Токио, Јапонија 2021 година.

Наградата – Спортски новинар, беше доделена на Бранко Казаковски, новинар од спортската редакција на телевизија Телма, кој даде значаен придонес во развојот и унапредувањето на спортот.

Наградата – Спортски работник, ја доби Билјана Димовска, долгогодишна спортска работничка во тенискиот спорт, која има значаен придонес во развојот и унапредувањето на тенисот.

Сојузот на спортови на Скопје ја додели наградата Спортски работници за Животно дело на Насе Насев, познат и признат тренер и селектор на најуспешните борачи од државата, кои се и носители на медали од европски и светски првенства и олимписки игри, Седадин Али – Сетко, професор по физичко образование и воспитание, тренер по фудбал и спортски работник во повеќе спортски здруженија и на Љубомир Котевски, планинар, планинарски водич и спортски работник.

Наградата 13 Ноември за Општествено-спортски работници се додели на Горанчо Петровски, Началник за безбедност на патниот сообраќај во СВР Скопје, кој повеќе од 10 години успешно ја реализира сообраќајната логистичка поставеност на маратонот и сите останати трки и настани, со што обезбедува висока безбедност при одржување на истите, и на Даниел Димевски, претседател на Македонскиот олимписки комитет, за успешен настап на нашите олимпијци на последните Олимписки игри во Токио, како и за освојувањето на сребрен медал после 20 години, а особено е заслужен и за обезбедување на нови и модерни услови за развој и унапредување на врвниот спорт.

Претседателот на Сојузот на спортови на Скопје на сите добитници им ги честита наградите и им посака уште поголеми успеси и спортски резултати следната година.

реклама

Останати спортови

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе