Здравје

Сок од цвекло за зајакнување на имунитетот

5. ноември 2018 - 17:05 | Б.С.Б.

Цвеклото е една од најефикасните билки за детоксикација на организмот. Доколку сте слабокрвни, имате низок притисок или сте подложни на респираторни инфекции јадете што повеќе цвекло.

Неодамнешните истражувања покажаа дека оваа билка е одлична и во превенцијата на развој на канцерогени клетки. Во време на сезони на вируси и грип најдобар начин да го подобрите имунитетот е секојдневно да пиете сок од цвекло. За само неколку дена консумирање на овој лековит напиток ќе се чувствувате подобро и ќе спиете поквалитетно.

За утринска детоксикација е потребно главица свежо цвекло, половина шолја вода и две лажици мед. Добро измијте го цвеклото и исчистете го. Исечете ја главицата на коцки и изблендирајте. Добиениот сок заблажете го со мед.

Цвеклото е најдобро да се јаде свежо, како салата и како сок. И готвеното цвекло има предности во однос на нездравата храна.

Сокот е со пријатен вкус и во него може исто така да се додаде сок од лимон, портокал или неколку капки ехинацеа.

Коментирај