Солени црвени палачинки со жолт сос

Подгответе брзи, лесни и вкусни солени црвени палачинки со жолт сос.

Потребни состојки:

Црвени палачинки:

2 јајца

150 грама брашно

200 мл млеко

100 грама кечап

масло за пржење на палачинките

Фил:

300 грама мелено месо

1 главица кромид

50 мл масло

50 мл вода

магдонос, сол и црн пипер

Жолт сос:

100 грама мајонез

5 кисели краставички

пола лажичка лук во прав

пола лажичка куркума во прав

Подготовка:

Прво направете ги палачинките. Сите состојки за палачинки ставете ги во сад, измешајте и пржете ги палачинките на вообичаен начин.

За филот, кромидот исецкајте го ситно па потоа пржете го на масло, додадете ги меленото месо, вода, сол и црн пипер и пржете околу десетина минути.

За жолтиот сос, изрендајте ги киселите крставички, додадете го мајонезот и куркумата, задно се измешајте .

На крај филувајте ги палачинките. На палачинката намачкајте една лажица кисела павлака, ставете една лажичка од филот, преклопете ги страните на палачинката па потоа завиткајте ја, постапката повторете ја со секоја палачинка. Одозгора ставете од жолтиот сос на секоја палачинка и послужете.

реклама

Рецепти

Чоколадните кнедли многу лесно се прават, а можете веднаш да ги изедете

Read more

Ловечки шницли на руски начин

Read more

Трик за брзо и лесно лупење лук

Read more

Сезона е на јагоди, направете тирамису од ова овошје и кокос

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе