Рецепти

Солени мафини со топено сирење

5. декември 2017 - 20:36 | М.Д.

Рецепт за подготовка на многу вкусни солени мафини со топено сирење и кашкавал.

Потребни состојки:

300 грама брашно

½ чаша масло

2 јајца

300 грама јогурт

Малку сол

Пакетче прашок за пециво

150 грама кашкавал, рендан

100 грама топено сирење

2-3 лажици сув босилек

Подготовка:

Во една чашка измешајте ги јајцата, јогуртот и маслото. Во друг сад измешајте ги сувите состојки – брашното, солта и прашокот за пециво.

Потоа измешајте ги двата вида состојки и промешајте енергично, за да се добие хомогена смеса. Конечно додадете рендан кашкавал и исецкано топено сирење. Измешајте и додадете босилек.

Истурете ја смесата рамномерно во калапите за мафини, внимавајќи да не ги преполнувате. Имајте на ум дека тестото ќе нарасне и ќе излезе од форма.

Печете на температура од 180-200 степени околу 30 минути.

Коментирај