Солидарноста на една француска пекарка му овозможи на 69-годишен Битолчанец да си дојде дома

Париз, 29 април 2019 (МИА) – Еден 69-годишен Македонец, со потекло од Битола, кој се враќал од престојот кај неговата ќерка во Лимож, на крајот од март и почетокот на април, годинва, се нашол на улица, во парискиот регион, откако му биле украдени парите, документите и телефонот. Жителка на Путо, каде што неколку дена лутал ги зела работите в раце и успеала да го најде неговото семејство благодарејќи на социјалните мрежи, јавува дописникот на МИА.

Преку социјалните мрежи, и покрај тешката комуникација со стариот човек, кој не зборува еден збор на француски, пекарката од Путо, погодена од неговото необично присуство на улицата, се заложила да ги најде неговите блиски, по што неговата приказна се најде на првите страници на повеќе француски медиуми.

Пекарката од “Роз де Путо”, Сондес Јеру, ја потврдила оваа прекрасна приказна, наведувајќи дека не е единствената во градот Путо која му помогнала неколку дена, на овој 69-годишен човек, очигледно целосно изгубен. Најрво таа започнала со истражувањето на социјалните мрежи, за да ги најде роднините.

„Почнав да пребарувам со пораки на Facebook, тоа не функционираше“, вели Сондес Јеру, која побарала од стариот човек да му ја покаже на мапата на светот земјата, а потоа и градот од каде што потекнува.

„Потоа испратив порака, особено до луѓето што живеат во Битола. Од таму имав контакт со роднина кој ми се јави“, велејќи дека тие го барат од пред две недели, додава таа.

Според роднината, старецот дошол кај својата ќерка во Лимож и кога се враќал во Македонија, требало да лета од Бове за Скопје, кога се загубил.

„Мора да се каже дека му го украле пасошот, сите негови документи, неговите пари, неговиот телефон … Му требаше помош“, заклучува Сондес Јеру, мајка на четира деца, која одбива каква било форма на слава за нејзината помош.

„Тоа е мојот начин на живот, сакам да им дадам пример на моите деца, да покажат дека треба да си помагаме, дури и ако имаме малку средства. Бездомниците остануваат без покрив над главата, бидејќи ние не им помагаме (…) Мораме да си помогнеме, не смееме да се плашиме од луѓето“, вели таа.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Живот

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more
 

Магазин

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Читај повеќе

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе