„Solo: A Star Wars Story“ доби брутално искрен трејлер
„Solo“ стана првиот филм кој не ги исполни очекувањата на бокс-офисот. Од моментот кога беше најавуван во 2015 година фановите беа скептични за филмот. Гледачите се прашуваа која е целта и зошто филмското студио воопшто ќе прави ваков филм. На крајот, „Solo“ доби позитиви критики од публиката и критичарите.
Но, искрениот трејлер што го направи Screen Junkies открива дека филмот можеби не е совршен, но не е ниту толку ужасен. Сепак, повеќето гледачи ќе заборават на него откако ќе го погледнат. Дали се согласувате со ова?