ПРЕМИЕР ЛИГА 2020/21

Солскјер: Би било шокантно ако го победиме Ливерпул

„Црвените ѓаволи“ патуваат на „Енфилд“ како лидери во Премиер лигата, но на ова гостување немаат победа од 2016 година.

Оле Гунар Солскјер вели дека би било шокантно доколку Манчестер Јунајтед победи в недела на гостувањето кај актуелниот шампион Ливерпул.

Тимот предводен од норвешкиот стратег на „Енфилд“ доаѓа како лидер со 3 бода предност токму пред Ливерпул на Јирген Клоп, а воедно и се наоѓа во одлична форма. Манчестер ја нема почувствувано горчината на поразот од ноември кога загуби од Арсенал.

Сепак, и покрај сите овие работи кои одат во корист на Јунајтед, Солскјер го гледа Ливерпул како апсолутен фаворит.

„Доколку ги погледнете последните неколку сезони, наша победа би значела изненадување и шок. Нашата позиција во моментов е производ на напорната работа која ја правиме на тренинзите и она што играчите го прикажуваат секојдневно, па веројатно и заслужуваме да сме каде што и сме“, рече Солскјер.

„Не верувам дека некој не би помислив дека ќе биде изненадување ако му избегаме 6 бода на Ливерпул и тоа со победа на 'Енфилд'. Едвај го чекаме натпреварот и се надеваме на изненадување“, заврши Норвежанецот.

Дербито Ливерпул - Манчестер Јунајтед се игра в недела од 17:30 часот во рамките на 19. премиерлигашко коло.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе