Фудбал
ЗИМСКИ ТРАНСФЕР ПЕРИОД 2020

Солскјер доби неограничен буџет, во јануари тргнува по 4 играчи

24. декември 2019 - 10:11 | Ф.З.

Манчестер Јунајтед во зимскиот преоден рок ќе се обиде да се засили во обид да ја спаси сезоната.

Управата на „Црвените ѓаволи“ одлучи на тренерот Оле Гунар Солскјер да му даде одврзани раце кога станува збор за засилувањато во зимскиот преоден рок. Лошите игри, лошите резултати и пласманот на средината од табелата го запали црвениот аларм во тимот од „Олд Трафорд“.

Солскјер на својата листа веќе има четворица, од кои, интересно, ниту еден не е дефанзивец и покрај тоа што одбраната на Јунајтед е килава и сезонава прими 22 гола на 18 натпревари.

Веќе се остварени разговори со норвешкото тинејџерско чудо Ерлинг Браут Холанд кој растура играјќи за австриски Салцбург. За него ќе имаат конкуренција бидејќи пола Европа го мерка, а најголем интерес има пројавено Барселона.

Останатите тројца се играчи од средниот ред. Се работи за Џејмс Медисон од Лестер, Џек Грелиш од Астон Вила и Диклан Рајс од Вест Хем. Можеби тешко дека Лестер ќе го пушти Медисон, но затоа пак другите двајца се реални трансфери.

Коментирај