ПРЕМИЕР ЛИГА 2020/21

Солскјер: Јунајтед може да победи секого, секаде

Со победата над Вулверхемптон од 1:0, фудбалерите на Манчестер Јунајтед го завршија натпреварувањето во 2020 година на најдобар можен начин.

Клубот од „Олд Трафорд“ го постигна деветтиот првенствен триумф на 15 натпревари и се наоѓа на второто место со два бода помалку од водечкиот Ливерпул.

По слабиот почеток на сезоната, кога тимот извесно време беше дури на 15-то место, Јунајтед направи добри резултати и се вклучи во трката за највисок пласман.

Јунајтед оствари четири победи и две нерешени средби во густиот распоред на натпревари во декември во Премиер лигата.

Гледајќи малку пошироко, тимот на Оле Гунар Солскјер е без пораз на осум последователни натпревари, со шест победи и две нерешени средби, со Манчестер Сити 0:0 и Лестер, 2:2.

Одамна не им се случило на „Црвените ѓаволи“ да се борат за титулата. Иако им оди добро, Солскјер е прилично претпазлив, иако посочува дека неговиот тим може да го победи секој ривал.

„Овој резултат е од голема важност за самодовербата. Сега сме различни, подобри психички и физички. Самодовербата дојде преку игра и резултати, имаме играчи на теренот кои се во можност да сменат натпревар во секунда. Важно е да се изберат такви личности и играчи. Ја додадовме таа искра, иако секако помага кога резултатите се во ваша корист. Уште порано рековме дека е важно да постигнеме повеќе голови во финишот и со тоа да освоиме повеќе поени. Ова го направивме неколку пати оваа сезона. Верата е тука, играчите сега мислат дека тие можат да победат секого, секаде“, рече Солскјер.

URL

Норвежанецот, кој прослави точно две години откако дојде на клупата на „Црвените ѓаволи“ на 19 декември, не им дозволува на играчите да помислат дека направиле нешто важно. Напротив, тој инсистира на тоа дека сѐ уште нема трка за титулата.

„Нема трка за титула по 15 кола. Се разбира дека може да ја изгубите шансата да се борите за пехарот по десет кола, но не можеме да размислуваме за трката пред да дојдат март и април".

„Жал ми е за Вулверхемптон. Имаа само еден ден да се опорават, што не е во ред. Играчите заслужија најмалку два дена помеѓу натпреварите, тоа пак се покажа на крај. Се мачевме со нив во минатото, секогаш е или 0-0 или 1:1 или 1:0... Игравме седум пати, ми се чини дека ова е прва лигашка победа за мене против нив. Значи, ова е чекор напред“, додаде Оле.

Јунајтед ќе одигра уште еден натпревар на домашен терен задутре, на 1 јануари, против одличниот тим на Астон Вила.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Фудбал

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Read more

Крај на сезоната за Де Јонг

Read more

Официјални состави: Милан - Интер

Read more

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Читај повеќе

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Читај повеќе

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Читај повеќе

Пактот од 1981: Како навивачите на Интер и Милан склучиле примирје?

Читај повеќе

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали Барса беше оштетена за гол на Ел Класико?

Читај повеќе