Фудбал

Солскјер: Нашиот капитен си заминува, ќе изберам нов

13. април 2019 - 14:29 | МИА
Манчестер, 13 април 2019 (МИА) - Менаџерот на Манчестер Јунајтед официјално ја објави веста, која претходно ја најави во март. Капитенот на тимот, Антонио Валенсија сигурно го напушта „Олд Трафорд“ по крајот на сезоната.

Еквадорецот помина десет години кај „црвените ѓаволи“, но во последнава сезона тој повеќе беше во „амбулантата“ и одигра малку мечеви. Валенсија не се очекува да игра во црвениот дрес оваа сезона поради неговите проблеми.

И Солскјер откри дека откако првиот капитен на тимот си заминува, ќе има задача во текот на летото да го избере неговиот наследник меѓу четири опции.

– Ќе видиме кој ќе биде тука следната сезона и ќе го изберам капитенот. Антонио Валенсија си заминува сигурно. Значи ќе треба да изберам меѓу Ешли Јанг, Пол Погба, Давид де Хеа и Крис Смолинг. Ќе видиме кој ќе биде избран“, изјави Солскјер

Коментирај