ПРЕМИЕР ЛИГА 2021/22

Солскјер не помислува на оставка: Многу направив за сега да се откажам

Предводникот на Манчестер Јунајтед е цел на критики повеќе од било кога, но смета дека откако е на клупата направил премногу за едноставно да се откаже.

Оле Гунар Солскјер нема намера да си поднесе оставка и покрај лавината негативни реакции на навивачите откако неговиот тим синоќа беше тотално понижен од Ливерпул со 5:0 на домашен терен.

Кога судијата свирна крај на првиот дел, а резултатот гласеше 0:4, 70 илјади грла со свирежи го испратија норвешкиот стратег на патот кон соблекувалната.

Но, Солскјер по натпреварот ја презеде одговорноста за бламажата, а изјави и дека нема намера да се повлече.

„Ова е најцрниот ден откако го водам Јунајтед. Не бевме доволно добри, за разлика од Ливерпул кој беше убиствен во нападот. Јас сум одговорен за овој пораз“, рече тој.

„Третиот гол беше пресуден, а четвртиот означи крај на сите наши надежи. Минатата сезона изгубивме од Тотенхем со 6:1, но ова беше многу полошо“, додаде Норвежанецот.

На прашањето кои љубопитните новинари едвај дочекаа да му го постават, за поднесувањето оставка, тој одговори:

„Мораме што побрзо да го заборавиме ова и да продолжиме понатаму. Многу направив за сега да се повлечам. Знам дека го допревме дното, но сигурен сум дека играчите имаат карактер и дека ќе се издигнеме“.

Солскјер, чиј правилен изговор е всушност Сулшер, седна на клупата на Јунајтед на 19 декември 2018 година како вршител на должноста заменувајќи го Жозе Мурињо. Оттогаш има скор од 164 натпревари на кои забележа 90 победи, 36 нерешени и 38 порази, а процентот на победи му изнесува 54,88.

Како играч Солскјер 11 сезони ги бранеше боите на Манчестер Јунајтед во ерата на сер Алекс Фергусон и освои 6 титули во Премиер лигата, 2 ФА купа, 2 Суперкупа и по 1 Лига на шампиони и Интерконтинентален куп. Како тренер сѐ уште нема трофеј со Јунајтед.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Фудбал

Ел Класико се сели во САД

Read more

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Read more

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Read more

Јирген Клоп: Извинете

Read more
 

Спорт

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе