Солун во мини карантин, Мицотакис ќе соопшти нови рестриктивни мерки

Регионите на Солун, Лариса и Родопи во северниот дел на Грција од рано утрово се во црвената (и највисока) фаза според степенот на опасноста за ширење на коронавирусот и влегуваат во мини карантин, а грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска ќе соопшти нови рестриктивни мерки за спречување на дополнително ширење на коронавирусот, јави дописничката на МИА од Атина.

Освен полицискиот час од 00:30 до пет часот, се затвораат кафулињата, рестораните, кино салите, театрите, судовите, археолошките локалитети и музеите, фитнес центрите, се прекинуваат спортските тимски активности, дозволено е само индивидуално спортување, а отворени ќе бидат продавниците, фризерските салони и училиштата.

Во изминатите денови во Солун беше регистриран зголемен број нови случаи на COVID-19, а според заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас има 1.955 случаи и 4.399 блиски контакти кои што се во домашна изолација, а просечната возраст на случаите е 35,5 години.

Хардаљас објасни дека просечната возраст, како и проверката на контактите, покажуваат дека случаите се поврзани со забави, спортски активности и масовни собири.

Во текот на вчерашниот ден, мобилните единици на Националната организација за јавно здравје на Грција, преку брзите тестови, спроведе 3.400 тестирања во Солун.

Според степенот на опасност, седум грчки региони се во црвената фаза (сите во северниот дел на земјата), а 19 во портокаловата, меѓу кои и областа Атика, поширокиот регион на Атина.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска ќе соопшти, нови мерки, односно како што вчера рече „нов акционен план во траење од еден месец“.

Намерата на грчката Влада е да се избегне целосен карантин, како оној во март и април, а едно од сценаријата е полицискиот час да се воведе неколку часа порано, во 21 или 22 часот наместо во 00:30 во регионите што се во портокалова и црвена фаза.

Мицотакис вчера учествуваше на вонредниот состанок на Европскиот совет на кој станало збор за справување со пандемијата, како и со економските последици.

– Плодна дискусија за време на Европскиот совет за COVID-19 и зајакнувањето на нашата соработка околу мерките, тестирањата, како и за вакцините. Европа мора да работи поблиску заедно и да остане обединета во битката против пандемијата, напиша Мицотакис на Twitter по состанокот.

Во Грција во изминатите три дена беа регистрирани над 1.000 нови случаи на коронавирусот на дневно ниво, а вчера бројката беше помала од завчера, но и бројот на тестови беше помал со оглед на тоа дека во средата беше празник и неработен ден.

Националната организација за јавно здравје на Грција вчера соопшти за 1.211 новозаразени, а починаа уште 12 лица.

Од почетокот на епидемијата во Грција се регистрирани 35.510 случаи, а починати се 615 лица. 

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Регион

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more

Пленковиќ и Мицотакис се можни наследници на Фон дер Лајен

Read more

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Read more
 

Вести

3,85 отсто е одзивот во првите 2,5 часа, 12 приговори пристигнале во ДИК

Читај повеќе

Во првите 2,5 часа од гласањето пријавени се само технички проблеми

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Читај повеќе
  • play_arrow

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Читај повеќе

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Читај повеќе

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Читај повеќе

Раст на Волстрит втор ден по ред

Читај повеќе

Променливо облачно време со температури до 24°C

Читај повеќе

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Читај повеќе