Солзи и 8 часа сведочење: Жртва на Епстин зборуваше за „оргиите“ во авионот „Лолита експрес“

Една од четирите жртви на сексуалниот предатор Џефри Епстин, кој изврши самоубиство во затворска ќелија во 2019 година, пред судот изјави дека го запознала Доналд Трамп кога имала само 14 години.

На судењето на Гислејн Максвел, соработничка и поранешна девојка на Епстин, обвинета за вмешаност во организација на сексуална трговија, жена која сведочеше под псевдонимот Џејн рече дека го запознала Трамп во 90-тите на неговиот луксузен имот Мар-а-Лаго на Флорида.

Таа не наведе никакво недолично однесување на Трамп и не навлезе во детали зошто била таму, пишува CNN.

На прашањето дали Епстин ја запознал со идниот американски претседател, таа одговори потврдно. Се претпоставува дека средбата со Трамп се случила во 1994 година, а на прашањето дали се возела во темнозелен автомобил, таа исто така одговори потврдно. Таа рече дека во 1998 година учествувала на натпреварот за убавина Miss Teen USA, кој се поврзува со Трамп.

Сепак, Џејн потврди пред судот дека никогаш не било побарано од неа да има сексуални односи со некој од соработниците на Епстин, ниту пак била побарана да наведе други девојки на тоа.

„Лолита експрес“ на Епстин ги возеше Клинтон, Трамп, принцот Ендру

Портпаролот за медиуми на Трамп не одговори на прашањето на NBC во врска со изјавите на сведоците. Иако Трамп во една прилика го нарече Епстин „одличен дечко“, по апсењето на милијардерот, тој на новинарите им кажа дека не е негов поддржувач.

За време на сослушувањето на Лора Менингер, адвокатка на Гислејн Максвел, Џејн се присетила дека била со принцот Ендру на лет со приватниот авион на Епстин.

Долгогодишниот пилот на финансиерот Лери Лисоски во вторникот пред судот изјави дека добро се сеќава на Џејн од авионот „Лолита експрес“, но дека не знаел дека таа е малолетна. Џејн исто така сведочеше дека била сексуално злоставувана од Џефри Епстин, а понекогаш и од Гислејн. Најмалку еднаш, Максвел ја „учела“ каква масажа сакал Епстин додека тројцата биле во „собата за масажа“.

За време на вкрстено испрашување во средата, Џејн именуваше неколку девојки кои биле вклучени во т.н масажи, а всушност, според неа, биле оргии. Таа изјави дека може да ги препознае на фотографии, но дека никогаш не добила ниту една фотографија од полиција на преглед.

Таа одговараше и на прашања за нејзината долга кариера во актерскиот свет.

Адвокатката зборуваше за нејзините улоги, па се обиде да ја збуни прашувајќи ја дали може да заплаче „по барање“. Обвинителката Алисон Мо подоцна ја праша Џејн дали ја знае разликата помеѓу глумењето на телевизија и сведочењето под заклетва.

„Ова е вистина, сведочењето е реалност. Се надевам дека оваа приказна ќе го добие својот епилог. Цел живот бегам од ова, до сега. Уморна сум од сѐ“, речеа Џејн и додаде дека молчела досега затоа што не мислела дека мајка ѝ ќе ја поддржи.

Таа сведочеше вкупно осум часа во период од два дена, а клупата за сведоци ја напушти со куп марамчиња за да си ги избрише солзите.

Сведочеше и нејзиното поранешно момче од тој период, кому му кажала дека нејзиното семејство со години добивало пари од „кумот“ Џефри Епстин, но дека тоа не било бесплатно. Дознала дека е познат американски финансиер дури откако бил уапсен.

реклама

Том Хенкс со години се бори со тешка болест која ја добил поради улога

Read more

Зошто Германија и Јапонија сериозно се вооружуваат?

Read more

Брук Шилдс: Агаси збесна кога глумев со Џои во Friends

Read more

САД одби да објави снимки од соборените НЛО-а: Тоа е строго доверливо

Read more

Живот

Месечен хороскоп за април: Три знака ќе имаат животен пресврт

Read more

Дали треба да позајмувајте пари на роднини и пријатели?

Read more

Зошто одлучив да немам деца?

Read more

Спанковците се поинтелигентни и посреќни од ранобудниците

Read more
 

Магазин

Месечен хороскоп за април: Три знака ќе имаат животен пресврт

Читај повеќе
  • filter

Хајди Клум – божица на црвениот килим

Читај повеќе

Која храна треба да ја одбегнувате ако сакате рамен стомак?

Читај повеќе

Дали треба да позајмувајте пари на роднини и пријатели?

Читај повеќе

Зошто одлучив да немам деца?

Читај повеќе

Која е врската помеѓу витаминот Д и опаѓањето на косата?

Читај повеќе

Спанковците се поинтелигентни и посреќни од ранобудниците

Читај повеќе

Здравите деца мора да внесуваат глутен во исхраната

Читај повеќе

Потврдено: Хормоналната контрацепција го зголемува ризикот од рак на дојка

Читај повеќе